Љубовен неделен хороскоп: Раковите ќе се дружат со пријателите, Скорпиите ќе имаат проблеми во комуникацијата, а Вагите…

Љубевен неделен хороскопОвен
На почетокот од неделата пазете се од импулсивно однесување, за подоцна да не зажалите. Постои опасност саканата личност да почне да ве гледа со други очи. Во средина на неделата ќе бидете опкружени со друштво и ќе се забавувате. Доколку сте во слободни во сабота прифатете нечиј повик за состанок, ќе имате добар провод загарантирано.
Бик
Крајно време е да ја преземете иницијативата во свои раце, и да го поканите на состанок лицето кое веќе од поодамна ви се допаѓа. Оние кои се во врска нека се припазат од некое женско лице од кругот познаници. Не се доверувајте на секој, бидејќи не се сите добронамерни како и вие. За викенд потрудете се да оставите добар впечаток, поготово ако имате прилика да ги запознаете родителите на партнерот.
Близнаци
На почетокот од неделата преиспитајте некои ваши животни вредности. Во средина на неделата ќе ви биде понудена љубов, но не се задоволувајте со малку, вие заслужувате многу повеќе. Викендот е погоден за планови за иднината. Не срамете се да побарате помош, особено од оние кои добро се упатени во вашата љубовна врска.

 
Рак
Вашите пријатели ќе ви бидат многу важни на почетокот од неделата, а особено во вторник. Потпрете се на нивното мислење и конечен суд. Можеби некои работи не ги гледате од вистинскиот агол. Во средина на неделата ќе ви биде тешко да се фокусирате на љубовниот живот. За викенд ќе бидете задоволни од новонастанатата ситуација.
Лав
Обрнете внимание на потребите на партнерот на почетокот од неделава. Има нешто да ви соопшти но не знае на кој начин. Кон средина на неделата ќе имате многу повици за забава и дружење. За викенд организирајте романтична вечера со партнерот. Вашето одвоено време ќе биде од голема корист за вашата врска.
Девица
На почетокот од неделата кажете се што ви лежи на ум. Доколку сакате некој да повикате на состанок направете го тоа. Во четврток ќе ја изгубите наклонетоста кон еден ваш пријател, можеби на некој сте му раскажале нешто што било погрешно сфатено.Групните активности оставете ги за крајот на неделата, доколку не сте испланирале романтилен викенд.

 
Вага
На почетокот од неделата внимавајте на кого ќе му ги кажувате тајните, може некој да ве изневери од окружувањето. Четврток е погоден за планови за иднината, во однос на љубовта. За викенд ве очекува многу забава со пријателите и саканата личност. Потрудете се да си ги завршите работните обврски на време, за да не се доведете во ситуација да не можете во потполност да се опуштите.
Скорпија
Доколку имате некои очекувања од партнерот добро би било да го потсетите на тоа до вторник. Добри денови за љубов ви се среда, четврток и петок. Во тој период ќе ги прифатите сите повици за дружба. Проблеми во комуникацијата очекувајте во сабота. Со партнерот ќе зборите за исти работи а сепак нема да се разберете.
Стрелец
На почетокот од неделата, а најдоцна до среда, потребно е да се изборите со некои работи на кои на почетокот нема да им давате големо значење. Исто така на партнерот може да му приредите некое пријатно изненадување- изборот е ваш. Слободните ќе започнат врска. Петок е погоден за дружба со пријателите. Неделата поминете ја во кругот на семејството.

 
Јарец
Нема потреба да се задоволувате со просечното само колку да не сте сами. Подобро најдете време неделава и добро размислете што сакате од љубовта. Во петок ќе имате многу работа пе нема да имате доволно време да му посветите на партнерот. Енергијата не дозволувајте да падне, насочете се кон важни работи.
Водолија
Имате изразена потреба за излегување и дружење уште на самиот почеток од неделата. Пожелно би било да направите компромис, бидејќи работните обврски не можат да трпат. Зафатеноста на партнерот овој пат ќе ви оди во прилог. За викенд ќе имате некои чудни предлози. Бидете со отворен ум, можеби ќе налетате на нешто исклучително забавно иако не претендира да потрае.
Риби
Само едно ви е на памет: љубов, љубов и само љубов. На почетокот од неделата многу ќе размислувате на неа, што ве исполнува, што ве прави среќни, што ве растажува. Во четврток внимавајте на падот на енергија – најдобро би било овој ден да го поминете без саканата личност, можни се расправии. За викенд ве очекува интересна средба.Овен
На почетокот од неделата пазете се од импулсивно однесување, за подоцна да не зажалите. Постои опасност саканата лич

Пронајдете не на следниве мрежи: