Со директна и силна надворешна интервенција и изборен инжињеринг, на местото на суверенистичката и економски успешна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ водена од Никола Груевски и подржана од високо мнозинство Македонци во Р.М се инсталира марионетска власт, вели поранешниот претседател на македонското Собрание, Љубиша Георгиевски.-По неколкугодишна напорна работа одредени моќни центри откако не успееја претходната влада да ја притиснат за промена на името прифатлива за Грција и уредувањето во земјата прифатливо за Албанците во Македонија, се чини успееја да инсталираат марионетска влада која има ветено апсолутна послушност, потенцира Георгиевски.
И власта на ВМРО и власта на СДСМ, додава тој, имаат цел земјата да се зачлени во ЕУ и НАТО со тоа што новата марионетска власт е подготвена да плати енормно голема цена за тоа, поврзана со името и идентитетот како и со внатрешното уредување кое води кон високи ризици за опстанокот и суверенитетот на земјата, како и положбата на Македонците во државата.
-За оваа цел, долго се работеше на слабеење на институциите, вештачко компромитирање на актуелната власт со сите инструменти и со големи инвестиции во медиуми, новинари, аналитичари, употреба на широка палета разузнавачки алатки ресурси, платени протести, разузнавачки материјал на креирани телефонски разговори, успешен притисок за репозиционирање на албанскиот коалиционен партнер ДУИ, директен изборен поткуп на дел од гласачите, и пред се многу пари, лажни информации, и на крајот откако се ова не беше доволно и кршење на Уставот, законите и Деловникот за работа на парламентот. Со други зборови на крајот се употреби сила која е надвор од демократските правила и со тоа се навести дека ако и тоа не помогне ќе се повтори со уште поголема неуставна и насилна акција.
Отпорот на револтираниот македонски народ, потенцира Георгиевски, како и на партијата ВМРО-ДПМНЕ беше голем но недоволен за да се спречи намерата на далеку помоќните надворешни центри за инсталирање поданичка марионетска власт.
-Новото мнозинство во старт има обележје на диктатура, мнозинство кое владее со недемократски средства. Главниот експонент е Зоран Заев, а главната партија во новата марионетска и ненародна власт е СДСМ. Тој делува како многу задоволен со доделената улога, а странските експоненти откако планираат во рок од една максимум две години да ги реализираат плановите, очекуваш награда и унапредување во нивните центри.Вака би изгледал еден реален, независен извештај од Македонија напишан денес и објавен по 100 години, подвлекува поранешниот претседател на Собранието.-По неколкугодишна напорна работа одредени моќни центри откако не успееја претходната влада да ја притиснат за промена на името прифатлива за Грциј