Љубоморната Мишел го избрка Барак Обама од брачната постела!

Мишел Обама стравува дека нејзиниот сопруг може да се претвори во она што своевремено беше Бил Клинтон. Откако претседателот на САД, Барак Обама, во текот на една добротворна вечера даде серија комплименти за државната адвокатка од Калифорнија, неговата сопругаМишел целосно полуде.

„Камала Харис е брилијантна, посветена и цврста бидејќи таа е токму она кое се бара од некој кој се бави со правосудство и се грижи за тоа сите да имаат чесен и еднаков третман. Покрај тоа, таа е далеку најзгодна државна адвокатка во земјава“, изјави Обама.
После тоа, разлутената Мишел го избрка Барак од заедничката постела во хотелот, па американскиот претседател ноќта ја помина на каучот.
Блиски извори откриваат дека Мишел, всушност, не е љубоморна на Камала, туку стравува дека нејзиниот сопруг ќе се претвори во Бил Клинтон кој за време на својот претседателски мандат имаше вистински љубовен скандал со Моника Левински.

 
 
 Мишел Обама стравува дека нејзиниот сопруг може да се претвори во она што своевремено беше Бил Клинтон. 

Пронајдете не на следниве мрежи: