Научниците ќе реанимираат 30.000 години стар џиновски вирус кој е пронајден во Сибир, а предупредија дека климатските промени би можеле да ги разбудат опасните патогени со микроскопска големина.Француски тим истражувачи објавиле дека откриле Mollivirus sibericum, четврт вид на праисториски вирус пронајден по 2003 година и втор кој бил пронајден од страна на истиот тим.
Пред да го разбудат, научниците ќе мора да потврдат дека вирусот не може да предизвика заболување кај животните и луѓето.
За одреден вирус да се квалификува како „џиновски“, мора да биде подолг од половина микрон, илјадит дел од еден милиметар.
Mollivirus sibericum е долг 0,6 микрони, а пронајден е во вечниот мраз на североисточна Русија.
Меѓутоа, со оглед на тоа дека климатските промени го загреваат арктичкиот регион и до двапати повеќе од светскиот просек, вечниот мраз можеби и нема долго време да биде вечен.
„Само неколку вирусни честици кои сѐ уште се заразни, би можеле да бидат доволни со помош на ранлив носител да оживеат потенцијално патоген вирус“ – рекол Жан Мишел Клавери, водечки истражувач на францускиот тим.
Регионите во кои беа откриени овие огромни микроби се привлечни поради присуството на минерални ресурси, посебно нафтата, па ќе станат сѐ подостапни за индустриско искористување ако топењето на мразот продолжи со ова темпо.
„Ако не бидеме внимателни и ги индустријализираме овие подрачја пред да ги осигураме, ја ризикуваме можноста за будење на вирусите коишто ги сметаме за истребени какви што се, на пример малите сипаници“ – додава Клавери.
Овие древни примероци на вирусот датираат уште од последното Ледено доба и не само што се поголеми од денешните, туку се и генетски покомплицирани, што ги зачудило научниците.
Mollivirus sibericum има преку 500 гени, додека Pandoravirus, кој беше откриен во 2003 година има дури 2500. Колку за споредба, вирус од типот А има само осум гени.
New layer…Француски тим истражувачи објавиле дека откриле Mollivirus sibericum, четврт вид на праисториски вирус пронајден по 2003 година и втор кој бил прон



