Филмот „Љубов“ на австрискиот режисер Микаел Ханеке и на актерките од филмот Емануела Рива и Жан-Лиј Третињан во петокот навечер беа победниците на доделувањето на француските филмски награди Цезар на свеченоста што се одржа во Париз, две дена пред доделувањето на најпрестижните филмски награди американскиот Оскар, за кои овој филм е номиниран во пет категории.Комедијата „Camille redouble“ на Ноеми Лвовски, најголемиот фаворит со 13 номинации, остана без ниеден Оскар, исто како и „Holy Motors“ на Лео Каракс кој имаше девет номинации.Без музика, без специјални ефекти, само со чкрипење на паркетот на огромниот париски стан, филмот „Љубов“ ја соголува неумоливата судбина на 80-годишните Ан и Жорж, вљубени до крајот. Филмот кој веќе ја освои првата награда на Филмскиот фестивал во Кан во мај 2012 година, победи со пет Цезари, за најдобар филм, најдобар режисер и најдобро сценарио кои му припаднаа на Микаел Ханеке, и за најдобра актерка на 86-годишна Емануела Рива и за најдобар актер на 82-годишниот Жан-Луј Третињан.Микаел Ханеке кој веќе претходно отпатува за Лос Анџелес каде што ќе присуствува на доделувањето на Оскарите, не присуствуваше во салата „Charlet“ да ја прими наградата, Жан-Лиј Третињат и покрај возраста отсуствуваше од церемонијата но поради настап во театарот во Брисел, па наградата, прв Цезар во кариерата на неговиот славен татко, ја прими неговиот син Винсент.Емануала Рива. Којашто овие денови ќе наполни 86 години, изјави дека не може да „поверува дека наградата ја прима сама“, без филмската екипа.Филмот кој според наградите е веднаш зад „Љубов“, „’Рѓа и коска“ на Жак Одиар со Марин Котијар, доби четири Цезари од девет номинации, за најдобра филмска адаптација, најдобра оригинална музика, најдобра машка актерска надеж за Матис Шоенаерц и за најдобра монтажа.Наградите за најдобрите споредни улоги им припадна на Гијом де Тонкведек и на Валери Бенжуизи за комедијата „Le prenom“ (Презиме) на Матју Делапорте и Алексадер дела Патијер.Филмот „Арго“ на Бен Афлек беше победник во категоријата најдобар странски филм, а американскиот актер Кевин Костнер до доби почесниот Цезар.
МакфаксФилмот „Љубов“ на австрискиот режисер Микаел Ханеке и на актерките од филмот Емануела Рива и Жан-Лиј Трети