Биковите најголемите промени во љубовта можат да ги очекуваат од 13 ноември до 8 декември, кога би можеле неочекувано да зе заљубат. Близнаците пак, ноември ќе го памтат по голема љубов.Секој знак сака на различен начин или има различни љубовни очекувања. Додека едни се страстни и темпераментни (пр.Овните, Лавовите, Скорпиите) и лесно го освојуваат спротивниот пол, други се срамежливи и внимателни (пр. Рибите, Биковите, Раковите).
Бидејќи Јупитер е влезен во полето на браковите кај Овните, многумина кои се во врска до крајот на годината ќе стапат во брак или ќе се одлучат на заеднички живот.
Биковите најдобар период во љубовта ќе имаат од 13 ноември до 8 декември, кога би можеле неочекувано да се вљубат, речиси преку ноќ.
Близнаците оваа година ќе ја помнат по голема љубов која би можела да се случи во текот на декември, најверојатно со Стрелец или со Вага.
Раковите кои влегле во нова врска во средината на оваа година, мораат да бидат внимателни. Ќе го смените однесувањето кон партнерот. Проблемите во врската треба да ги решите со заеднички сили за да ја зачувате. Јупитер ви ја носи потребната енергија да ги остварите промените низ септември и октомври оваа година.
Лавовите кои долго биле сами до крајот на годината ги очекуваат многу прилики за флерт, авантура, но и значајна врска, а најмногу возбудувања ќе има во текот на октомври и ноември.
За разлика од првиот дел на годината, Девиците до крајот на 2016 ги очекува мирен ритам, но и неприлики со родителите кои нема да го одобрат нивниот љубовен избор.
Вагите цела година ќе ја паметат по посебно убавата врска, а особено романтично ќе биде во втората половина, кога Јупитер ќе влезе во нивниот знак.
Скорпиите во текот на есента ги очекува нова љубов, но треба да внимаваат да не се вљубат во некој зафатен.
По турбулентниот почеток на годината, вториот дел од годината за слободните Стрелци носи подобрување на љубовно поле. Конечно ќе дојде долгоочекуваната порака од поранешниот партнер или личноста која ве повредила. Не дозволувајте да ви влијае и немојте да донесете никакви одлуки ако не сте сигурни дека овој пат нешто е поинаку. Јупитер од 9 септември влегува во вашата 11-та куќа, и заради ова работите ќе бидат појасни, а можно е и да се вљубите како никогаш до сега!
На Јарците љубовното минато ќе им чукне на врата, но можеби сепак е подобро да се свртите кон некој нов, кој повеќе вреди.
Водолиите би можеле да почнат врска со странец или личност која ќе ја запознаат преку социјалните мрежи.
Рибите имаат прилика до крајот на годината да се вљубат и веднаш да се пуштат во сериозна врска.Секој знак сака на различен начин или има различни љубовни очекувања. Додека едни се страстни и темпераментни (пр.Овните, Лавовите, Скорпиите) и ле