Љубовен хороскоп за МАРТ: Лавот трга во страствени авантури, а Бикот го чекаат само проблеми

Љубовен хороскоп за месец Март!Овен
Ако сте во солидна и сериозна врска, веројатно оваа фаза – првата половина на месецот, ќе ја поминете без поголеми потресувања, можна е мала фрустрација. Ако вашата врска не е стабилна и потојат одредени проблеми, можеби ќе поминете низ разочарувања, тага и чувство на напуштеност и осаменост што може да ве прати подолго време. Во некои околности поедини Овнови можат да се впуштат во тајна или забранета љубов.
Бик
Ако не се појавија проблеми првите два месеци од годината, во март сигурно ќе се појават. Ова е чувствителен период за Биковите. Можни се емотивни блокади, периоди на изолација или емотивна дистанца, потешкотија, проблеми кои влијаат на партнерот, кризи и финансиски ограничувања. Совет: Соберете енергија и делувајте смирено и имајте трпение.
Близнаци
Ова е комплициран период. Мора да се поставите дипломатски, за вие или вашиот партнер да не предизвикате земјотрес. Сето тоа ќе се случи бидејќи вие или вашиот партнер ќе се соочите со проблеми низ кои ќе поминувате заедно (здравствени, работни итн), а ќе влијаат на вас. Во секој случај ситуацијата нема да биде опуштена.

 
Рак
Првиот дел од Март 2016 не е најповолен период за љубовниот живот на Раковите. Ова ќе биде период на барање, откривање вистини во пар, и зошто да не, откривање на светот преку љубовта. Може да се работи за љубови кои се раздалечени, за љубовна приказна со некој кој живее на другиот крај на светот или едноставно за некое романтично патување во пар.
Лав
До 12-ти март искористете ја посветеноста на Венера и поволните околности. Ако барете љубов имате можност за влез во нова врска. После 12-ти март настапува друга фаза, повеќе аналитичка и погодна за истражување за то што се крие под површината. На 6-ти март влегувате во период кој ќе трае 3 месеци каде ќе биде нагласена романтиката и страста. Бидете внимателни.
Девица
Март е многу динамичен месец за Девиците кога се работи за љубовниот живот. Ќе имате многу динамичен и значаен месец, полн со нови прилики и новости. Но, изненадувањата можат да се појават било каде и било кога. Март има голем потенцијал за романтика, но не и без ризик. Врските на Девиците во овој период се нестабилни и со погрешен потег во погрешно време, ситуацијата може да се влоши, а во некои случаи може да дојде и до разделба.

 
Вага
Се до 12-ти Март периодот треба да максимално да го искористите бидејќи е одличен за убави љубовни доживувања. После 12-ти март може да очекувте грижи и обврски. Овде љубовта нема да се развива слободно и љубовните врски автоматски се поврзуваат со работата и обврските.
Скорпија
Очекувајте романса и сензуалност, флертови, погледи и така натаму. Имате прилика да запознаете нова љубов. Внимавајте, не трошете премногу на излегувања, освојување и забави. Љубовта и парите не одат заедно во овој период. Ако сте во сериозна врска и сигурни сте дека тоа е тоа што го сакате, избегнувајте впуштање во љубовни игри од страна. Би било премногу ризично.
Стрелец
Првите денови од март ќе бидат совршени со многу комуникација и добра атмосфера. После тоа работите ќе почнат да се менуваат. Компликациите повеќе ќе ги погодат новите врски. Старите врски вешто со заеднички сили ќе ги поминат критичните периоди. Ова се однесува не само за Март, туку и за наредните два месеци.

 
Јарец
Во првиот дел на Март рационалноста и практичноста се на прв план, што остава помалку простор за страст. Во текот на овој период сте склони кон размислување за сигурноста и парите. Може да се работи за заеднички интерес за вас и вашиот партнер, како што се заработки и други материјални прашања.
Водолија
Венера, планетата на љубов, останува во Водолија се до 12 март. Уживајте во овие волшебни денови. Љубовта е во воздухот, вашата вештина на заведување е силна и во љубовниот живот остварувате хармонија. Во втората половина на месецот со партнерот ќе делите материјален интерес.
Риби
Зрачите со топлина, енергија и страст се до 20-ти март. Ќе бидете пони со позитивна енергија со позитевен ефект кој ќе се одрази во брак. Ќе се разбирате одлично, ќе барате и ќе добивате. Март е одличен месец на љубовен план за сите Риби.  Овен
Ако сте во солидна и сериозна врска, веројатно оваа фаза – првата половина на месецот, ќе ја поминете без погол

Пронајдете не на следниве мрежи: