Дознајте што ве очекува на љубовен план во месец мај!Овен
Нови предизвици во љубовта. Ќе ви бидат интересни Биковите и Вагите. Ова е период за нови познанства и можно заљубување. Некоја личност неочекувано ќе се појави во вашиот живот. Оние кои се во врска може да донесат сериозни одлуки.
Бик
Многу ситуации ќе ви паѓаат многу потешко отколку што навистина се. Ќе ви биде тешко емотивно да се отворите, нема да имате доверба во другите луѓе. Ако сте во сериозна врска партнерот ќе има веројатно проблеми на работа кои ќе траат неколку недели.
Близнаци
Нови познанства преку пријатели. Исто така не е исклучено да почувствувате зголемени емоции кон личност која до сега само се дружела со вас. Од многу пријателства ќе се роди љубов. Вие овој месец ќе одлучите што е најдобро за вас.
Рак
Ќе се вратат некои личности од вашето минато. Иако многу повеќе ќе бидете свртени кон работа, а не кон љубовта, ќе имате познанство кое ќе биде интересно.
Лав
Во првиот дел од месецот ќе бидете помалку заинтересирани за љубов. Ќе се запознаете со личност која е од странство. После 20-ти мај ќе влезете во фаза кога ќе бидете расположени за средби.
Девица
На почетокот на месецот можни се мали разочарувања. Не е исклучено партнерот да ви изгледа поинаков од претходниот период. Одлуките ќе ги носите на брзина затоа што љубовта овој месец не ви е на прво место.
Вага
Ќе бидете мрзливи и ќе имате недостаток на толеранција во односите кон другите луѓе. Вашиот авантуристички дух ќе дојде до израз и ќе бидете отворени за флерт. Но, мора да пазите во какви емотивни односи се впуштате.
Скорпија
Динамичен месец. Познанство преку работа. Партнерот ќе ја прифаќа секоја ваша желба. Можни се мали несогласувања кон крајот на месецот. Вашиот партнер ќе се обиде да го контролира вашето однесување.
Стрелец
Венера ќе ви донесе заљубување. Оние кои се во врска можно е да се одлучат за брак или заеднички живот. Венера ќе влијае позитивно на семејството. Месец мај ќе биде возбудлив на сите полиња.
Јарец
Венера не му одговара на вашиот темперамент така што вашиот емотивен однос ќе се одвива побрзо од што сакате. Ако се впуштите во врска со Овен ќе биде возбудливо и неизвесно. Во овој месец подгответе се за предизвици.
Водолија
Венера укажува на флерт, љубовни пораки и повици. Ќе ви биде интересно со секој нов контакт. Ако сте во постојана врска првите три недели партнерот ќе биде тврдоглав и неподготвен за компромиси.
Риби
Вашата потреба да пронајдете заеднички јазик со партнерот може да се оствари. Вие и партнерот ќе имате различни ставови првите 10 дена од месецот. Во другиот дел од месецот може да имате личности кои ќе сакаат да ве освојат. Овен
Нови предизвици во љубовта. Ќе ви бидат интересни Биковите и Вагите. Ова е период за нови познанства и можно заљубува