Љубовен хороскоп за ноември 2016: Ракот останува „сингл“, Девицата полна со емоции, а Стрелецот…

Љубовен хороскоп за ноември 2016: Ракот останува „сингл“, Девицата полна со емоции, а Стрелецот…Овен
Компромисот е дефинитивно главниот збор кога се Овните во прашање, како и се она што ќе ви се случува на љубовен план кога месец ноември е во прашање. Спремете се за прилагодување бидејќи само така ќе го постигнете успехот кој го посакувате. Доста убави интимни моменти и одлични сексуални моменти ќе доживеете. Поведете сметка за начинот на комуникација со партнерот за да не западнете во проблеми и расправии кои не ги сакате. Слободните Овни ги чека нова авантура.
Бик
Ќе бидете емотивни и очајни во текот на ноември, сето тоа ќе влијае на вашите семејни, пријателски и љубовни врски и односи. Ќе се зближите повеќе со вашиот партнер, така што повеќе и подобро ќе го запознаете. Од сето тоа вашиот сексуален живот ќе биде во добивка. Слободните ги чекаат нови случувања на љубовен план, посебно кога некои пријателства се во прашање, бидејќи многу лесно може да се претворат во нешто повеќе.
Близнаци
Близнаците ќе имаат добар период кога љубовта е во прашање, единствено е потребно да водите сметка за начинот на комуникација со партнерот. За да не дојдете во ситуација која не ви одговара, внимавајте и одбирајте зборови пред да ги изговорите. Слободните Близнаци ќе запознаат многу интересна личност со која ќе посакаат некој таен однос. Бидете трпеливи со одлуките, за да не направите некој погрешен чекор.

 
Рак
Мирен месец на љубовен план за голем број припадници на овој хороскопски знак. Ако сте слободни ќе посакате тоа така и да остане, за што повеќе да му се посветите на семејството, пријателите и најблиските кои ве окружуваат секојдневно. Тоа ќе ви биде најпотребно па нема да се трудите да почнете нова врска. Доколку сте во врска ќе имате мали потешкотии, но се ќе се реши благодарение на вашата трпеливост и толеранција.
Лав
Периодов за вас не беше баш задоволувачки барем во љубовта, но тоа ќе се реши и поправи. Доколку имавте проблеми со партнерот ова е најдобар момент да ги решите и да ја направите вашата врска поубава, па да бидете задоволни во целост. Слободните лавови ќе имаат можност да запознаат некоја нова интересна личност и да создадат некој квалитетен однос со таа личност. Ќе флертуваат со вас, а и вие ќе враќате со иста мера.
Девица
Следниот период ќе имате одлични односи со партнерот, па со својата емотивна состојба ќе бидете многу задоволни. Посебно вашата спонтаност добро ќе влијае на љубовниот живот, а тоа позитивно ќе влијае и на сексуалните случувања. Доколку сте слободни, излегувајте, уживајте, а ве очекува и ново интересно познанство. Флерт ќе ве очекува насекаде.

 
Вага
Вагите ќе имаат бројни промени во месец ноември. Ќе посакате партнерот да биде одговорен, посветен и да размислува за иднината со вас, но нема да бидете задоволни ако биде спротивно од тоа. Ќе имате бројни прашања кога вашиот партнер и врската во прашања. Не се замарајте премногу со вакви размислувања, потрудете се да се опуштите, бидејќи се ќе се реши како што треба, односно онака како што сакате.
Скорпија
Скорпиите сета своја сила ќе ја вложат во љубовните односи и емоции, па тоа ќе влијае и на подобрување на врската. Имате добри договори со партнерот, што е уште еден од добрите сегменти за добра врска. Овој месец ќе уживате во љубовта. Доколку не сте зафатени, и се уште барате личност која ќе ви одговара, знајте дека искреноста која ја поседувате во однос на искажувањето емоции многу ќе ви помогне. Доколку некој ви се допаѓа, кажете го тоа и ќе ја решите ситуацијата. Потребен е само еден чекор.
Стрелец
Страственоста и силните чувства влијаат доста на вас и на вашиот однос со партнерот. Доколку е потребно, со некој остро ќе се расправате поради својата сакана личност, но и спротивно, доколку партнерот ви направи нешто што не ви годи нема да премолчите и да останете смирени. Кога се во прашања слободните, премногу „испитувања“ имате за личноста која ви се допаѓа, тоа може да направи да се одбие од вас. Бидете смирени и не толку тактични во љубовта, оставете страста да превладее.

 
Јарец
Многу дружење ќе го одбележи периодот пред вас, бидејќи тоа ќе биде се што ви треба за да се чувствувате добро. Најмногу ќе водите сметка да имате активен социјален живот, да бидете окружени со пријателите , а можни се и некои нови познанства. Доколку посакате некои од тие може да прераснат и во нешто повеќе, но само ако вие сакате. Зафатените Јарци ќе имаат добри односи со партнерот, ќе има многу романтика, но и занимливости во сексуалниот живот.
Водолија
Водолиите ќе имаат потреба да размислуваат за некои идни планови со партнерот, па тоа доста ќе го зацврсти вашиот однос бидејќи двајцата имате исти цели. Доколку сакате одмор, можете со партнерот да одите на некое пократко патување кое повторно ќе ве потсети на првите денови од врската, полни со „оган“ во вашиот однос. Слободните Водолии ги очекува интересен период бидејќи на повидок има нова врска со личност постара од нив или врска на далечина.
Риби
Доколку имате некои проблеми во врската, запрашајте се дали некогаш во минатото сте имале такви идентични. Не дозволувајте тоа да влијае на вашиот понатамошен однос, само сетете се како порано го решивте истиот проблем. Доколку не сте во врска, ќе ве заинтересира личност која не им е драга на вашето семејство и пријателите. Ќе бидете помеѓу два огна, бидејќи ви е важна поддршката, а од друга страна имате личност која многу ви значи. Не е поволен момент за нови врски па поведете сметка за тоа.  Овен
Компромисот е дефинитивно главниот збор кога се Овните во прашање, како и се она што ќе ви се случува на љубовен план

Пронајдете не на следниве мрежи: