Љубовен неделен хороскоп 01.12-07.12.2014

Љубовен неделен хороскоп 01.12-07.12.2014Овен
Ви се допаѓа возбудувањето, но на почетокот на неделата ќе сакате покрај себе да имате личност која ќе ја донесете дома и ќе ја запознаете со родителите. Не морате далеку да барате, платонската врска може ќе се претвори во романтична. Можеби немате завидлива финансиска состојба, но на крајот на неделата парите воопшто и нема да ви бидат важни.
Бик
Најлошата работа која може да ја напрвите е да влезете во нова врска на почетокот на неделата. Не сакате да ја пропуштите приликата и подоцна да се каете, но романсата кон која тежнеете е голема грешка. Вие само се обидувате да побегнете од личност која целосно ви ги окупира мислите. Мислите дека со пари може да купите се, ама би било добро на состаноците да покажете дека во вас има нешто повеќе а не само пари.
Близнаци
Ако сте на почетокот на неделата оние кои повикуваат на состанок тогаш треба да знаете дека се треба да биде добро испланирано. Доколку немате некоја идеја тогаш побарајте совет и се добро и романтично организирајте. Имате многу скриени таленти, но нема да оставите добар впечаток ако не користите ништо од тоа. Отворете се и дозволете да заблескате во текот на викендот.

 

Рак
Не може да ја брзате љубовта. Можеби сте нетрпеливи но она што сега е потребно е да одите чекор по чекор. Романтиката е неминовна на крајот на оваа недела, а вие сте и повеќе од подготвени за неа. Но преголемото планирање може да го расипе доживувањето.
Лав
Дали има некој во вашиот живот кој ви ги тренира нервите  со своите досадни постапки? Може би требало да ги преиспитате своите чувства. Многу брзо сакате да поминете од старо на ново во љубовта. Потребно е прво да завршите со старата приказна за целосно да и се посветите на личноста која сега влегува во вашиот живот.
Девица
Сакате љубов во вашиот живот но не сте подготвени да направите се што е потребно. Ако ви се чини дека е потребно да внесете преголем напор за романса, тогаш почекајте и оставете за деновите кога ќе бидете преполни со енергија. Отворете ги очите да не ви избегаат шансите.

 

Вага
Сигурни сте дека сакате да започнете ново љубовно поглавје во вашиот живот. Можеби сакате и да се смирите со некој ваш поранешен партнер- но тоа со себе носи многу маани. Поминете некое време на крајот на неделата разгледувајќи ги старите фотографии. Вашата интуиција ќе ве насочи на вистинскиот пат.
Скорпија
Вашите пријатели, роднини и соработници изгледа имаат многу поголеми љубовни проблеми отколку што покажуваат. Во текот на викендот може ќе го промените мислењето кога ќе видие дека сериозната врска носи многу обврски со себе.
Стрелец
Вашиот список на работи кои треба да ги направите оваа недела е предолг, но внимавајте да не дојде до преоптоварување. Љубовта оди во својот природен тек и  ќе  дојде на време. Не можете да ја забрзате. Нема да ве привлекуваат обични луѓе овој викенд. Може нема да најдете партнер но лудо ќе се забавувате.

 

Јарец
Оваа недела ќе има многу негативни коментари поврзани со вашиот љубовен живот, но не заборавајте дека важно е само вашето мислење. Може да се плашите отворено да кажете што мислите но кога ќе дојде до состанок ќе си кажете што имате. Веднаш ќе и покажете на личноста кој сте и што мислите.
Водолија
Дали сте подготвени да бидете во врска само со еден партнер? Со оглед на тоа како се чувствате на почетокот на неделата, веројатно не сте подготвени. Во моментов уживате во својата слобода па зошто тоа да го расипувате. Поминете доволно време сами за конечно да сфатите што сакате! Нема ништо лошо да сакате работите да се одвиваат полека.
Риби
Иако не сте во долга врска вашите познаници и пријатели мислат дека сте во вистинска љубов. Кажете им го своето најискрено мислење но не се правите дека се знаете. Кон крајот на неделата ќе се појави некој сосема нов во вашиот живот. Верувајте му на својот инстинкт! Овен
Ви се допаѓа возбудувањето, но на почетокот на неделата ќе сакате покрај себе да имате личност која ќе ја донесете до

Пронајдете не на следниве мрежи: