Љубовен неделен хороскоп 09.05.-16.05.2016

Љубовен неделен хороскоп 09.05.-16.05.2016Овен
На почетокот на неделата внимавајте на кого му се доверувате. Некој во ваша близина нема искрени намери. Држете се само до проверени пријатели. Најдете време викендов да го задоволите авантуристичкиот дух.
Бик
Кој не ризикува не добива- уште на почетокот на неделата ќе соберете храброст да и се јавите на симпатијата и да ја повикате на состанок. Ако тоа не го направите подоца ќе зажалите. Кон средината на неделата очекувајте конфликт со пријателите.
Близнаци
Имате потреба да проверите дали луѓето на правилен начин го сфатиле она што сте сакале да им го кажете. Кон средината на неделата очекувајте телефонски повик кој многу ќе ве израдува. Доколку сте во потрага по партнер петок е одличен ден да запознаете некој интересен.
Рак
Без разлика дали сте во врска или трагате за љубов оваа недела ви носи многу пријатни изненадувања. Ќе направите и краток план за патување. Некои работи може да се расчистат во среда па ќе го решите недоразбирањето што ве мачи веќе долго. За викенд се можни нови познанства.

 
Лав
Оваа недела ќе решите да направите големи промени на љубовен план. Во понеделник ќе научите важна лекција. Во вторник бидете многу внимателни затоа што ќе кажете работи кои не ги мислите. Тензијата ќе продолжи и во среда кога може да одлучите да се разделите од партнерот. Некоја желба ќе ви се оствари во недела.
Девица
Пред вас е недела исполнета со лоша комуникација, тензија и недоразбирања- со еден збор КАТАСТРОФА. Па сепак од тоа негативно може да излезе нешто добро ако бидете тактични. Во вторник очекувајте состанок, но ситуацијата нема да се одвива во саканата насока. Од четвтрок па се до сабота воздржете се од хистерични реакции.
Вага
Оаа недела ќе имате потреба да им угодувате на сите околу вас, па ако сте во врска саканата личност ќе биде воодушевена со ваквото однесување. Нема ништо да биде тешко за вас. Малите работи ќе ви го привлекуваат вниманието во среда. За вашите чувства многу ќе размислувате во четврток и петок.
Скорпија
Обидувајќи се да поправите нешто што расипавте во текот на претходниот период нема  да донесе резултати. Потребно е многу трпение и време за работите да дојдат на свое место.Од вторник водете сметка што ќе зборувате пред саканата личност. Нема да бидете оваа недела расположени за романтика.

 
Стрелец
Иако неделата пред вас е поволна за романтика, можни се разочарувања на љубовен план. Во желба да го задоволите партнерот ќе преминете некои граници. Големи очекувања ќе имате и во сабота, но до тогаш тензијата ќе падне и ситуацијата ќе се врати во нормала.
Јарец
Почетокот на неделата ќе биде исклучително возбудлив. Вашата креативна природа целосно ќе дојде до израз. Вие едноставно ќе сакате и ќе бидете сакани. Но во среда и четврток ќе сакате да здивнете и да одморите. Но не грижете се партнерот ќе има разбирање. За тоа време смислете нови идеи.
Водолија
Почетокот на неделата може да биде многу возбудлив па да се изморите и тоа да се одрази во текот на целата недела, но не очекувајте колегите да ве разберат. За викенд очекувајте многу интересен состанок кој ќе го паметите во текот на целиот ваш живот. Ѕвездите ќе бидат на ваша страна искористете го тоа.
Риби
Вашата способност да преземете водство доаѓа до израз уште во понеделник. Среда и четврток се поволни денови за организација на љубовен план. Оваа недела вие сте тие кои ќе го имате главниот збор. За викенд ќе бидете задоволни од љубовната ситуација. Овен
На почетокот на неделата внимавајте на кого му се доверувате. Некој во ваша близина нема искрени намери. Држете се са

Пронајдете не на следниве мрежи: