Љубовен неделен хороскоп 10.08-16.08.2015

Љубовен неделен хороскоп 10.08-16.08.2015Овен
На почетокот на неделата во прв план настапува вашиот независен дух. Доколку сте слободни ќе ги одложите сите романтични планови. Сепак немојте да се грижите затоа што понекогаш е убаво своите потреби да ги ставите на прво место.
Бик
Оваа недела ќе бидете полни со романтична енергија, особено во првата половина. Но внимавајте да не направите нешто за што подоцна ќе се каете. Во втората половина вашиот живот ќе влезе во спора и мирна фаза до крајот на неделата.
Близнаци
Во понеделник и вторник ќе бидете под планетарно влијание и ќе донесете одлука дали сакате да ја подигнете врската на повисоко ниво. Ќе знаете веднаш што треба да одлучите и да направите и немојте во ваш стил да се двоумите. Со други зборови со размислувањето само ќе го промените мислењето-ЗАТОА НЕМОЈТЕ!

 
Рак
Во понеделник пазете што и каде кажувате затоа што може да го повредите партнерот. Фокусирајте се на убави работи. Среда и четврток се денови кога треба да се дружите со пријателите и да се забавувате. Имате време за љубов во текот на викендот.
Лав
На почетокот на неделата ќе сфатите дека малите промени многу значат. Позитивно прифатете се што ви се случува. Од среда навечер ќе бидете свртени кон своите потреби отколку кон љубовниот живот.
Девица
Што повеќе ќе сакате да контролирате, така повеќе ќе сфаќате дека е невозможно и дека подобро е некогаш да се препуштите. Напуштете ги своите предрасуди кога се романтичните идеи во прашање. Викендот ви носи добра енергија.

 
Вага
Немојте само да сонувате и да размислувате за љубовта, туку излезете и имајте состанок со оној кого го сакате. Во среда ќе имате проблеми со комуникацијата со околината, но од четврток работите ќе се вратат на свое место.
Скорпија
Во првата половина на неделата можно е да бидете затечени од некоја ситуација и да направите некоја убава работа за вашиот партнер. Нема ништо лошо во тоа некогаш да покажете емоции. Ќе бидете особено романтични до крајот на неделата.
Стрелец
Во првата половина на неделата ќе бидете опкружени со најдобрите пријатели. Тие ќе знаат како да ви ја зголемат самодовербата. Таа енергија ќе ве носи во текот на целата недела. Ризикот ќе ви се исплати и само напред. Доколку сте слободни пред вас е многу поволен период.

 
Јарец
Старата народна поговорка вели дека ќе го добиете тоа што сте го посеете. Вие знаете што сакате и не сакате ништо друго. Тоа ќе ви биде јасно во текот на целата недела и нема да бидете подготвени за компромиси. Сепак живејте во моментот и не дозволувајте плановите за совршена иднина да ви ја уништат сегашноста.
Водолија
Оваа недела ќе им помагате на пријателите кои се заљубени и кои ја изгубиле главата. Не се грижете ќе имате доволно време и енергија да бидете од помош, барем во понеделник и вторник. Убаво е кога сте популарни и прекрасно е кога сте сакани, но никако не дозволувајте да ја потрошите сета енергија на другите.
Риби
Во првата половина на неделата фокусот ќе биде на деловните обврски а не на љубовните. Вие секако сте во состојба да ги задоволите двете страни затоа што сепак денот трае 24 часа. Но, партнерот сака да биде во прв план и затоа се можни мали проблеми. Овен
На почетокот на неделата во прв план настапува вашиот независен дух. Доколку сте слободни ќе ги одложите сите романти

Пронајдете не на следниве мрежи: