Љубовен неделен хороскоп 13.07-19.07.2015

Љубовен неделен хороскоп 13.07-19.07.2015Oвен
Водете сметка за промените на расположение на почетокот на неделата. Ако сте во врска тоа може да го загрижи партнерот. Но од друга страна ќе бидете особено емотивни а со емоциите доаѓа и засилената интуиција, која е многу важна во вашиот однос со саканата личност.
Бик
Ако имате некој со кој може да развиете љубовно гнездо на почетокот на неделата направете баш така. Овој период е одличен за големи и ненадејни акции. Најдобро е да се опуштите. Од среда ве очекува изненадна средба со некоја личност на која не сте помислиле долго време.
Близнаци
На почетокот на неделата ќе бидете многу посесивни. Оние кои се во врска ќе бидат многу љубоморни, а слободните ќе се фокусираат само на една личност. Кон средината на неделата правете го она што ве опушта. Медитација или едноставно прошетка во природа.

 
Рак
На почетокот на неделата нема време за срамежливост, особено ако ви се пружи прилика која не смеете да ја пропуштите. Во четврток и петок никако немојте да инсистирате на ништо. За викенд малите работи многу ќе значат.
Лав
Ако на почетокот на неделата се држите на страна може да ја видите и другата страна на вашата врска. Со сега бевте гласни и секогаш пристутни. А сега ќе ја согледате и целосната слика. Потребно е повеќе да и посветите внимание на саканата личност. Во четврток и петок очекувајте налет на емоции.
Девица
На почетокот на неделата ќе имате добра комуникација со партнерот. Искористете го понеделник и вторник да разговарате со саканата личност. Во четврток и петок ќе имате одлична понуда за состанок.

 
Вага
Доколку на било каков начин не сте задоволни од вашиот љубовен живот, не заборавајте дека постојат многу работи на кои може да се посветите. Бидете насочени и кон семејството. А што се однесува на љубовта не губете трпение. Четврток и петок се денови кога лудо ќе се забавувате.
Скорпија
Начинот на кој размислувате и како се однесувате во последно време остава позитивен впечаток на околината. Старите пријатели ќе бидат воодушевени од вашата прмена. Во вторник и среда ќе успеете да ги импресионирате сите.
Стрелец
Сите припадници на овој знак кои се задоволни од изборот на партнер ќе доживеат интересни и роматични моменти. Ве очекува и квалитетно време поминато со вашите пријатели. Четврток и петок се денови кога ќе мора да го послушате срцето.

 
Јарец
Обидете се да го промените односот кон личноста која ви е постојан партнер. Многу припадници ќе размислуваат за влегување во паралелна врска. Среда е ден кога тајните ќе излезат на површина. Ако ви е важен партнерот искористете ја и последната шанса.
Водолија
Фокусирајте се на приоритетите, секако тоа бара дополнителна енергија затоа што имате чувство дека емоциите управуваат со вас, а не обратно. Во среда саканата личност од вас ќе побара многу голема поддршка, потрудете се да бидете на вистинското место. Од четврток држете се до рутината кога е љубовта во прашање, за промени чекајте друг момент.
Риби
Понеделник, вторник и среда носат многу возбудувања на љубовен план, особено ако уште не сте ја нашле љубовта на вашиот живот. Можните познанства тие денови ќе остават длабоки траги. Една личност многу ќе ве заинтригира и ќе посакате подобро да ја запознаете. Oвен
Водете сметка за промените на расположение на почетокот на неделата. Ако сте во врска тоа може да го загрижи партнеро

Пронајдете не на следниве мрежи: