Љубовен неделен хороскоп – 20.07 -26.07.2015 година

Љубовен неделен хороскоп – 20.07 -26.07.2015 годинаОвен
Како и повеќето луѓе сите вие сте искусите повеќе воздигнувања и падови во љубовта, но оваа недела можно е да почувствувате посебна фрустрација. Побарајте помош од близок пријател кој се чувствува осамено и споделете ја со него својата приказна. Ќе ви биде полесно, а и подготвено ќе ги дочекате деновите пред вас. Ве очекува доста акција кога е љубовта во прашање.
Бик
Некои од најдобрите луѓе ќе ги запознаете преку пријателите. Дали сте им кажале што барате и што ви е потребно? Или можеби вие можете да му помогнете некому да го пронајде идеалниот партнер? Оваа недела имајте ширум отворени очи за разни љубовни прилики, за себе и за другите. Можеби некој кој не е за вас може да биде сјајна прилика за вашата пријателка-пријател. А доколку ви се допаѓа вам некој тогаш мора да бидете сигурни дека е тоа што го сакате. Во текот на викендот ќе бидете полни со самодоверба, облечете се така што ќе импресионирате се околу вас.
Близнаци
Ве вознемируваат некои сонови и ве тераат да се грижите кога е во прашање љубовниот живот, но немој да се секирате. Обично се е сосема спротивно од тоа што го сонувате. Вистинската љубов навистина постои а вие тоа наскоро ќе го дознаете. Во текот на оваа недела ќе запознаете доста луѓе и помеѓу нив ќе налетате и на еден вистински шармер. Но, имајте на ум една важна работа, кога ќе ја запознаете совршената личност, обично и не сте свесни за тоа. Трпението е клучот на успехот. Во текот на викендот ќе бидете доста зафатени а вашето флертување ќе ве направи доста популарни.

 
Рак
Оваа недела ќе водите битка со самите себе. Останете фокусирани на она што го правите а не да одлутате во своите фантазии за личноста која ви се допаѓа. Вашата преокупација со таа личност е разбирлива и таа им дава посебна сила на вашите чувства. Имате добро чувство кога е љубовта во прашање и затоа ќе ви биде доста интересна оваа недела. Доколку планирате да излегувате викендов, очекувајте да запознаете некоја интересна личност.
Лав
Време е конечно да дознаете што сака личноста која ви се допаѓа. Дали  ужива во утринско кафе или чај? Дали сака салата или месо? Кога ќе дознаете какви ситници сака ќе ви биде полесно да ја импресионирате. Самиот тој чин на запознавање може да биде доста интересен  за двајцата и инспиративен за иднината. Доколку сте сингл нема да имате проблем со состаноците оваа недела- со кого и да отидете ќе ви биде интересно.
Девица
Никој нема совршен љубовен живот. Имајте го тоа на ум оваа недела кога ќе ги гледате пријателите како прават грешки и држете го јазикот зад забите. Можеби не сте свесни колку  на нив им е интересно во таа врска. Фокусирајте се на својот љубовен живот. Доколку сте сингл ќе уживате во својата слобода како никогаш до сега. Доколку сте во врска еден од вас двајца ќе сака да разговарате за нешто што одамна ве мачи. Време е вистината да излезе на виделина!

 
Вага
Оваа недела ќе бидете преокупирани со мисли за некоја одредена личност и тоа ќе ви даде интересна прилика малку да се оддалечите од секојдневната рутина. Ќе бидете зафатени, но не толку за да не можете да флертувате на социјалните мрежи. Малите работи секогаш остават најголем впечаток. Идејата да имате совршена врска нема да биде далеку од вистината, посебно  во средината на неделата кога некој ваш гест толку ќе разнежни некој и ќе го доведе до солзи.
Скорпија
Бидете внимателни оваа недела. Ќе имате доста можности за прикриени љубовни можности. Потребно е само да бидете флексибилни и спонтани . Доколку се почувствувате дека губите контрола, немојте да паничите. Викендов ве очекува многу забава. Не откажувајте никаков состанок! Излегувајте, разговарајте, зближувајте се. Бидете отворени со умот и срцето, но немојте да брзате!
Стрелец
Тешко дека ќе се ослободите од добриот помин минатиот викенд, но набрзо повторно ќе си дојдете при себе. Не заборавајте дека истата таа личност на која мислите, исто мисли на вас. Состанокот во средината на оваа недела ќе ви остави добар впечаток за неа, а и ви ветува романтичен викенд. Во кој правец ќе продолжите понатаму останува на вас.

 
Јарец
Ако вашиот обичен начин за приоѓање некому нема ефект, размислете да вметнете уште нешто. Понекогаш умеете да бидете двосмислени. Бидете јасни со пораката која сакате да и ја оставите на таа личност. Подигнете ги своите чувства на повисоко ниво. Пред крајот на неделата можно е да ве обземат некакви носталгични размислувања за поранешната љубов. Тоа може да ве држи и во текот на викендот. Време е да продолжите напред.
Водолија
Доколку мислите дека прескапите подароци се доволни за да му упаднете во очи на некому, застанете малку- парите не се најдобриот пат до нечие срце. Можеби тој-таа сака да чуе само убав коментар од вас или да почувствува момент на вистинска романтика? За да ја изградите својата самодоверба кога љубовта е во прашање, оваа недела малку похрабро со флертувањето. Искористете ја подобро вашата интелектуалност!
Риби
Доколку сте во врска, оваа недела ќе имате прилика да ја потврдите својата независност. Доколку сте сингл ќе уживате во чувството дека не морате да бидете покрај некој кој не ве заслужува. Најпрвин морате да се сакате самите себе а потоа другите. Во текот на викендот ќе имате прилика да видите колку прекрасна личност сте и колку љубов имате да им подарите на другите. Овен
Како и повеќето луѓе сите вие сте искусите повеќе воздигнувања и падови во љубовта, но оваа недела можно е да почувствувате посебна фр

Пронајдете не на следниве мрежи: