Љубовен неделен хороскоп 23.12.2013-29.12.2013Овен
Чувајте се од двосмислени пораки и генерално нејасни љубовни сигнали. Нечие однесување многу ве нервира. Можно е да станува збор за некој кој ви се допаѓа. Но од вторник веќе ќе биде подобро. А одлично ќе се чувствувате од четврток.
Бик
Знаете како велат: ако некого сакате дајте му слобода. Можно е да му посветувате многу внимание на партнерот. Партнерот ќе го цени вашето однесување кон него. Времето поминато сами со себе може да биде многу корисно.
Близнаци
Бидете подготвени на промени кога љубовта е во прашање, но во позитивна смисла. Понеделник е ден кој ќе донесе освежување во љубовта. Ќе сакате да поминете квалитетно време со партнерот. Оние кои се сеуште во потрага по идеалната половина кон крајот на неделата може да запознаат некој кој ќе ги освои.
Рак
Не одложувајте ги состаноците. Иако личноста со која треба да се сретнете не ви се допаѓа премногу, сепак пружете и шанса. Ќе бидете пријатно изненадени. Обидете се викендот да го искористете само за себе.
Лав
Неделата бурно ќе започне, а тоа не е необично за вас. Внимавајте да не бидете погрешно сфатени. Од средината на неделата ве очекува вистинска романса. За време на викендот ќе направите компромис со партнерот.
Девица
Ќе запознаете нови луѓе на почетокот на неделата. Новите познанства ќе ви донесат корист како и на деловен план така и на приватен. На средината на неделата ќе ги анализирате добрите и лошите особини на партнерот. Петок е одличен за романтика.
Вага
Бидете доследни на себе. Не би било лошо да промените нешто на изгледот- тоа не мора да биде некоја драстична промена. Кон средината на неделата некој ќе го привлече вашето внимание. Петокот е одличен за дружење со пријателите.
Скорпија
Вашата необична појава нема да остане незабележана. Со харизмата несомнено привлекувате луѓе и ја придобивате нивната наклонетост. На почетокот на неделата ќе станете извор на инспирација. Доколку сте во врска размислете како со партнерот да заработите пари.
Стрелец
Ќе бидете окупирани со фантазирање и размислување за љубовта на почетокот на неделата. Планирање на иднината е во прв план овие денови. Имајте верба во себе, вие имате енергија за промени. За викенд ќе ги надминете евентуалните недоразбирања.
Јарец
Ги разработивте сите планови за оваа недела кога љубовта е во прашање. Со партнерот поминете го викендот. Кон средината на неделата обидете се да ја намалите возбудувањето.
Водолија
Постои опасност на почетокот на неделата погрешно да бидете сфатени од сегашниот или од потенцијалниот партнер. Затоа добро размислете пред да реагирате. Средината на неделата посветете им ја на пријателите. Два пати размислете пред да зборувате особено за време на викендот.
Риби
Понеделник и вторник се денови кога треба да се посветите на интелектуални активности, пред љубовните. Никогаш не се знае кога може да се родат симпатии. Настојувате да бидете она што навистина сте. Во спротивно ризикувате на таа личност да и се допадне лажната слика за вас. Овен
Чувајте се од двосмислени пораки и генерално нејасни љубовни сигнали. Нечие однесување многу ве нервира. Можно е да с