Љубовен неделен хороскоп 25.04-01.05.2016

Љубовен неделен хороскоп 25.04-01.05.2016Овен
Понеделникот е одличен за бизнис и работни прилики додека вторник, среда и четврток се ваши среќни денови за љубов оваа недела, па така подобрувањето на вашиот љубовен живот ќе биде токму во овој период. Поработете малку на себе и интересите на саканата личност ставете ги пред своите и дознајте што всушност таа личност сака.
Бик
Понеделникот носи одлични можности во вашето царство на љубовта, па затоа излезете со саканата личност и искористете ја вашата сензуална страна. Доколку имате состанок во вторник, среда или четврток, импресионирајте го/ја со изборот на необични места за состанок.
Близнаци
Размислувате некому нешто да подарите или нешто да поправите, па, зошто да не? Поседувате доволно убавина и памет за да бидете ѕвезда во вторник, среда и четврток навечер. Тргнете во провод бидејќи атмосферата ќе биде погодна за вас.Во петок и сабота внимавајте на темпото – не брзајте во ништо, но не и забавувајте. 
Рак
Понеделник е одличен ден за да посегнете по љубовни авантури – можеби флертување со некој нов член во вашето друштво или на работа. Петок и сабота ќе ви биде тешко да донесете било каква одлука. Посоветувајте се со некој на кого му верувате. Во недела посветете си се на себе си и своите проблеми. Заслуживте!

 
Лав
Понеделникот ќе сакате да бидете сами, па затоа кажете им го тоа на останатите. Но, пред вас претстои недела со многу можности кога е во прашање љубовта, па затоа припремете се! Ќе бидете пријателски настроени еден кон друг во почетокот на вторникот, средата и четвртокот, но набрзо тоа пријателство ќе се развие во нешто далеку од убаво и интимно.
Девица
Понеделник е ваш ден. Ако можете да организирате состанок на брзина, направете го тоа и уживајте. Од вторник или среда обидете се да си ги средите мислите за некоја личност која ве интересира и обидете се да видите што се крие под неговата/нејзината површина. Во петок и сабота обидете се да воспоставите комуникација во двата правци. 
Вага
Припадниците на овој хороскопски знак, оваа недела ги очекува вистинска љубовна авантура. Понеделникот најдобро е да простите некому или да му дадете втора шанса. Во вторник, среда и четврток се ќе се врти околу вас, па затоа не си дозволувајте да станете на погрешна нога. Припремете ја својата заводливост и тргнете во акција. 
Скорпија
Во понеделник ќе имате прилика да приметите дека некој има слатка мала тајна – можеби вие? И дали дојде време да излезе во јавност? Размислете, бидејќи ова може да е совршено време за вас. Вторник, среда и четврток нема да ви бидат денови од корист па затоа одморете се убаво. Петокот и саботата ќе бидат денови кои ќе донесат одлична енергија и ќе изгледате како девојка/дечко од милион долари. 

 
Стрелец
Во почетокот на неделава обрнете внимание на деталите, додека во вторник, среда и четврток ќе се чувствувате убаво и сите ќе сакаат да бидат во ваша близина па вие ќе имате можност да бирате.
Јарец
Имате одлична прилика да го организирате својот љубовен живот оваа недела ! Почнете го понеделникот со мало потајно истражување во врска со една личност која вас ве интересира – распрашајте се малку или побарајте ја на интернет! Па дури и ако сте во врска, тоа може да биде тајно и скришно. 
Водолија
Понеделник е ден кога ќе чувствувате бес и разгаленост но нема да трае цел ден. Оваа недела можно е обичната комуникација да премине во нешто повеќе од тоа, посебно во вторник, среда или четврток. Доколку имате партнер, фокусирајте се на повторно разгорување на страстите бидејќи ризикувате да ги искомплицирате работите. Петок и сабота ќе посакувате малку приватност.
Риби
Доколку во вашиот љубовен живот има недоразбирања и несредени работи, оваа недела потрудете се да воведете ред. Имајте на ум дека не сте единствен/а и секој има проблеми.Она што ви се причинува како љубовна компликација во вторник и четврток, всушност е пропуштена шанса.
 Овен
Понеделникот е одличен за бизнис и работни прилики додека вторник, среда и четврток се ваши среќни денови за љубов ов

Пронајдете не на следниве мрежи: