Љубовен неделен хороскоп 29.08.-04.09.2016Овен
Оваа недела овните ќе станат премногу емотивни во односите, па така односот со партнерот ќе биде складен, страстите ќе бидат премногу нагласени, па можни се и кавги но и смирување во кревет. Слободните може да се заљубат и да почнат нова врска.
Бик
Биковите оваа недела може да сретнат личност која ќе им се допадне и со која за брзо ќе се впуштат во врска. Оние кои се во врска ги очекува турбулентен период во својата врска. Некои Бикови може да бидат склони кон тајна врска.
Близнаци
Близнаците оваа недела ќе добијат шанса да сретнат личност во која многу лесно ќе се заљубат. Оние кои се во врска ќе почувствуваат многу емоции кон партнерот.
Рак
Раковите оваа недела ќе ја разгледуваат својата врска и партнерските односи обидувајќи се да најдат решение за евентуалните проблеми. Слободните ќе сретнат личност која многу ќе им се допадне.
Лав
Лавовите оваа недела многу ќе се дружат и на тој начин да запознаат личност која емотивно ќе ги заинтересира. Оние кои се во врска ќе бидат расположени за љубовен живот, па тоа одлично ќе се одрази на врската.
Девица
Девиците оваа недела ќе бидат склони кон анализирање на својот емотивен живот, па тоа ќе биде многу напорно за нивниот партнер кој само ќе сака да помине повеќе заеднички моменти со нив. Слободните ќе бидат несигурни во своите емоции.
Вага
Вагите оваа недела влегуваат во период кога ќе бидат опседнати со својот љубовен живот и упорно се обидуваат да најдат личност која им се допаѓа. Некои може лесно да се заљубат.
Скорпија
Скорпиите оваа недела може да се заљубат во некоја личност која е веќе зафатена, па да посакаат да се впуштат во тајна врска, но тоа ќе им донесе само компликации. Оваа страст може да биде многу голема па да им го искомлицира животот.
Стрелец
Стрелците оваа недела може да имаат шанса да запознаат личност која премногу ќе им се допадне. Оние кои се во врска ќе ги обноват старите страсти во својата врска и малку повеќе ќе му се посветат на партнерот.
Јарец
Јарците оваа недела може да бидат склони кон предомислување и анализирање на својот љубовен живот. Оние кои треба да донесат некоја важна одлука, најдобро е да ја остават за некој друг период. Слободните ги очекуваат интересни случувања.
Водолија
Водолиите оваа недела може да запознаат личност која многу ќе ги привлече, особено ако се на патување. Оние кои се во врска со партнерот ќе ги обноват заспаните страсти и ако се потрудат може да поминат многу убави моменти со него.
Риби
Рибите оваа недела нема многу да бидат заинтересирани за љубов. Слободните припадници ќе сретнат личност која може да ги заинтересира многу. Овен
Оваа недела овните ќе станат премногу емотивни во односите, па така односот со партнерот ќе биде складен, страстите ќ