Љубовен неделен хороскоп 30.11.-06.12.2015

Љубовен неделен хороскоп 30.11.-06.12.2015Овен
Без оглед на вашата потреба за контрола во понеделник и вторник најдобр решение е да се откажете и да препуштите се да оди спонтано. Во среда и четврток вашата практична страна доаѓа до израз. Од петок па се до недела ќе бидете особено шармантни и недоливи.
Бик
Ситуацијата на љубовен план оваа недела не е особено стабилна. Веројатно се во прашање големи очекувања, било да сте во врска или да сте слободни. Вторник носи заладување во односите со саканата личност. Несогласувањата требало многу порано да ги решите.
Близнаци
За вас е исклучително важно љубомората да ја држите под контрола, особено ако штотуку започнавте врска. Вашата имплусивност може скапо да ве чини во понеделник. Премногу барања не поставувајте во среда и четврток. Петок носи нови можности.
Рак
Оваа недела е многу важно да бидете толеранти кон барањата на саканата личност, но не и да попуштате премногу. Врската ја сочинуваат двајца па токму поради тоа не дозволувајте спротивната страна да го диктира темпото. Во вторник сериозно зборувајте за ова.

 
Лав
Многу возбудлив период е пред вас, затоа што во понеделник или вторник може ќе бидете искушение да започнете врска со некој кој не  е слободен. Чувајте се од паралелни односи и од ваша но и од страната на потенцијалниот партнер. Во среда ќе си дозолите флерт на работното место. Викендот поминете го во домашна атмосфера.
Девица
Оваа недела ќе помине во знакот на недоразбирања со саканата личност. Вие сте создале една слика во глава за партнерот која нема врска со реалноста. Во вторник ќе барате начин да допрете до саканата личност. Во четврток посоветувајте се со близок пријател.
Вага
Оваа недела ќе биде исклучително возбудлива за сите припадници на овој хороскопски знак кои сонуваат за страствена авантура. Во вторник бидете подготвени за компромиси и прилагодувања. Во среда и четврток одбегнувајте дружење со луѓе кои ви се напорни.
Скорпија
На почетокот на неделата ќе ве краси незвисниот дуг. Ако сте слободни ќе бидете особено среќни поради тоа. Ако сте во врска внимавајте да не претерате. Немојте да станете лоши и да го игнорирате партнерот. Себе треба да се ставите на прво место но тоа не значи дека со сите околу вас треба лошо да се однесувате.

 
Стрелец
На почетокот на неделата ќе правите некои неочекувани работи и ќе презимате несигурни чекори. Внимавајте да не направите нешто поради кое подоцна ќе се каете. Кон средината на неделата вашиот љубовен живот ќе има една убава и фина страна која ќе се задржи до петок. Внимавајте да не бидете многу посесивни за време на викендот.
Јарец
Во понеделник и вторник ќе мора да донесете одлука својата врска да ја унапредите и да ја подигнете на повисоко ниво или пак да почекате уште малку. Но немојте да се оптеретувате со ова. Кон средината на неделата решението само ќе се појави. За време на викендот посветете и се на креативната работа.
Водолија
Во понеделник постои можност да кажете нешто што не мислите и да има компликации поради тоа. Обидете се да го држите јазикот зад заби. Среда и четврток се поволни денови за дружење со пријателите. Немојте да имате грижа на совест затоа што за време на викендот ќе имате доволно време да му се посветите на љубовниот живот.
Риби
На почетокот на неделата мали промени во рутината и секојдневието ќе имаат многу големо позитивно влијание. Од среда ќе бидете приморани да се посветите кон себе а помалку кон љубовниот живот. Започете да вежбате затоа што здравјето ви е слабо. Намалете со алкохолот и цигарите. Овен
Без оглед на вашата потреба за контрола во понеделник и вторник најдобр решение е да се откажете и да препуштите се д

Пронајдете не на следниве мрежи: