Љубовен неделен хороскоп 8.12.-14.12.2014Овен
Овните оваа недела ќе се обидуваат да одржат складни односи со партнерот. Но сепак, кавги ќе има. Слободните ќе имаат повеќе успех и ќе запознаат една интересна личност.
Бик
Биковите оваа недела ќе имаат стабилна ситуација на емотивен план, а односот со партнерот ќе биде рационален и со меѓусебно разбирање. Слободните ќе имаат возбудливи состаноци и убаво ќе се забавуваат.
Близнаци
Близнаците на крајот на неделата ќе влезат во период со многу повеќе контакти, па нивната емотивна состојба ќе се подобри. Ќе има многу возбудливи средби, а можни се и нови врски. Оние кои се во врска ќе имаат мирна недела.
Рак
Раковите оваа недела ги следи напнатост во емотивните односи. Но, доколку бидат трпеливи и ситуацијата ќе се подобри. Слободните ги очекуваат многу емотивни возбудувања.
Лав
Лавовите оваа недела може да очекуваат многу нови контакти и забава во својот емотивен живот. Ќе бидат во центарот на вниманието каде и да се појават. Оние кои се во врска со партнерот ќе остварат квалитетен однос.
Девица
Оваа недела ќе се обидуваат да остварат позитивен контакт со луѓето околу нив и со своите постапки ќе се обидат да привлечат внимание. Некои од нив можеби ќе се заљубат и ќе започнат нова врска. Односот со партнерот ќе биде исполнет со емоции и разбирање.
Вага
Вагите оваа недела може да почувствуваат помала напнатост во партнерските односи, а и сами ќе се потрудат во врската да има стабилност. Слободните припадници најдобро ќе се чувствуваат на патување.
Шкорпија
Шкорпиите оваа недела се подготвени да се впуштат во најразлични љубовни комбинации, па на многумина може да им биде бурно на емотивен план. Освен кратки врски и авантури, ќе има и такви кои ќе сакаат да остварат стабилни емотивни односи.
Стрелец
Стрелците ќе почнат да чувствуваат позитивни промени на емотивен план. Комуникацијата со партнерот ќе биде отворена. Слободните ќе имаат шанса да запознаат некоја личност на патување.
Јарец
Јарците оваа недела може да очекуваат мала напнатост во односите со партнерот, но љубовната ситуација ќе биде стабилна. Слободните ќе имаат повеќе среќа ако се најдат на патување.
Водолија
Во втората половина на неделата ќе имате поголем број на контакти, а шансите за значајно познанство кое ќе донесе нова врска се големи. Оние кои се во врска ќе имаат позитивен однос со партнерот.
Риби
Рибите оваа недела ги очекува стабилен однос со партнерот, кои ќе се труди да ги реши сите недоразбирања. Слободните ќе бидат многу активни. Некои од нив ќе бараат забава а некои сериозен однос.Овен
Овните оваа недела ќе се обидуваат да одржат складни односи со партнерот. Но сепак, кавги ќе има. Слободните ќе имаат