Љубовен неделен хороскоп од 14.09.2015 до 20.09.2015

Љубовен неделен хороскоп за 14.09.2015 до 20.09.2015Oвен
Ако оваа недела имате проблем со својата сакана личност, тоа ќе биде поради тоа што никој од вас не знае да запре кога се расправате. Деновиве подобро е тоа да бидете вие. Не бидете тврдоглави.
Бик
Вие никако не сакате некој да ве понижува. Доколку некој на почетокот од неделата ве форсира , ќе бидете предизвикани да возвратите не баш пријатно. Во среда и четврток вашиот љубовен живот ќе земе друг правец.
Близнаци
Изгледа на почетокот на неделата ќе имате мали проблеми со комуникацијата, што е многу чудно за вас. Бидете искрени. За време на викендот ве очекува многу дружење и флерт.

 
Рак
Нема да бидете баш расположени на почетокот од неделата. Доколку имате партнер предупредете го да не ви се приближува овие денови.Во петок организирајте дружење. За време на викендот ќе бидете спремни за журка.
Лав
Секој кој мисли дека слепо се држите до своите ставови, треба да ве види кога љубовта е во прашање. Од петок па натаму, за викенд, ќе бидете друштвен манијак. Ве очекува дружење и смеа.
Девица
Ќе бидете брзоплети во понеделник и вторник. Многу сте територијални кога вашиот партнер е во прашање. Можно да создадете заеднички концепт на духовни вредности. Викендот ќе ви биде исполнет со романтични случувања, а вие треба само да се опуштите.

 
Вага
На почетокот на неделата се ќе биде во знакот на состанокот кој го очекувате или планирате. Еден на еден. Романтично, но како малку да ќе изгубите во вашата вообичаена рамнотежа. Хармонијара се враќа кон средината на седмицата и ќе исчезне секаква расправија.
Скорпија
Вашата страст ќе се разбранува во понеделник и вторник внесувајќи хаос во вашиот живот. Ѕвездите се на ваша страна, искористете го тоа. За време на викендот конечно ќе имате прилика да се смирите. Фокусирајте се на деталите кои ви бодат очи и кои можеле малку повеќе да ги истражите.
Стрелец
Ќе бидете многу секси и спремни за флерт во понеделник и вторник, а ѕвездите ви пружаат дополнителна подршка. Ако немате партнер сметајте дека ќе го имате наскоро. Вашето одлично чувство за спонтаност е се што ви треба оваа недела. За викенд испитајте ги вашите желби…Дали тоа е тоа што вистина го сакате?

 
Јарец
неверојатно, но таман кога го добивте тоа што го дсакавте, тоа некако се одложува и застанува на почетокот од оваа недела. Во среда и четврток стига спас и роминтика. Викендот ќе имате можност да комуницирате со разни личности.
Водолија
Вие сакате добра љубовна олуја – драматични облаци и сонце после тоа, електрицитет во воздухот – сето тоа ве возбудува. Средината на неделата нема да биде толку интересна како почетокот, но затоа во викендот повторно ќе можете да уживате.
Риби
Вие сакате двосмисленост кога љубовта е во прашање. Дајте се од себе на почетокот на неделата да им се препуштите на емоциите – ќе има тука малку соништа, малку надеж и малку мистерија. За време на викендот ќе добиете одговори на сите прашања кои ве интересираат. Oвен
Ако оваа недела имате проблем со својата сакана личност, тоа ќе биде поради тоа што никој од вас не знае да запре ког

Пронајдете не на следниве мрежи: