Љубовен неделен хороскоп од 19- 25.10.2015

Љубовен неделен хороскоп од 19- 25.10.2015Овен
На емотивн план сте приличлно несредени. Вашите желби одат во потполно лош правец. Оние опции кои ви се отворени и на дофат на рака не ви се интересни. Го барате невозможното, водите однапред изгубени битки. Иако сте свесни за сето тоа, упорно истрајувате во своите грешки. Ќе доживеете ладен туш неделава, и тоа не само на една страна. Доколку сте зафатени, оваа недела ќе предизвикте барем една непотребна расправија со партнерот.
Бик
Колку пати досега ја слушнавте изреката „кој на друг му копа дупка, сам паѓа во неа“? Не дозволувајте и вам да ви се случи тоа. Време е да се соочите со некои вистини од кои бегате подолг период. Оваа недела е идеална да се обидете да си го изблите образот, но и да го поправите внатрешниот мир. Немојте да се двоумите да им се извините на оние на кои сте им подрешиле.
Близнаци
До вас стигнале зборувања кои драстично ќе го кренат степенот на фрустрации во вас. Некој намерно шири невистини за вас. Изгледа со некого добро сте се замриле. Повредено его е најлоша работа во љубовта. Може да предизвика немерлива штетаи онака подолго време односите со партнерот ви се прилично затегнати и нејасни. Поминете преку се, премолчете, истрпете и проголтајте кнедла! На амиот крај на неделата ќе се најдете во многу стимулативно опкружување од мили луѓе!

 
Рак
Обрнете внимание на своите коментари. Дури и во најмала рака можат да бидат непријатни. Поготово би можеле да дадете коментар за изгледот на партнерот, поточно ќе му замерите за невкусното облекување. Ќе ја запознаете чувствителната страна на партнерот. Но исто така тоа може да биде последна работа која ќе ја дознаете во врска со личноста со која сте во врска. Тоа би може да биде и добра работа, поготово за оние Ракови кои подолго време имаат сомнежи во својата врска.
Лав
Ќе проработи вашата лавовска суета. Веројатно ќе заземете таков став кон партнерот кој ќе помисли дека навистина ви е сеедно. Ќе стекне впечаток дека навистина сте се одалечиле од него и како да да не ви е грижа за личноста со која што сте. Кога вашиот партнер ќе го прифати тој сигнал, кога ќе поверува во тоа дека го отфрлате, ќе настане проблем. Бидејќи, се додека некој трча по вас, вие уживате. Така ви се храни суетата. Воозбилете се и сфатете дека љубовта е голема игра во која победувате само тогаш кога вниманието ќе го насочите кон партнерот.
Девица
Се трудите секој аспект од вашиот љубовен живот да го држите под контрола. Како и по навика ситниците ве вадат од колосек. Многу работи ве иритираат кај партнерот, но начинот на кој го покажувате тоа е многу ладен. Слободните Девици ќе останат во некој вид забранета страст. Некој кој е зафатен многу ќе ви се допадне, бидете внимателни што правите.

 
Вага
Почнавте посериозно да му префрлате на партнерот. Тој има полно право сега да се запраша- доколку сите тие работи ви пречат кај него, тогаш што барате со него?! Тоа е токму клучното прашање кое ќе морате да си го поставите. Дали навистина го сакате партнерот? Дали емоциите меѓу вас се вистински или пак се работи за навика. Оваа недела ќе разрешите само со себе дали сакате да ја продолжите врската со партнерот. На слободните Ваги им се јавува желбата да поседуваат или да бидат поседувани од некој посебен. Можеби патот кон остварување на желбите и нема да биде толку долг како што мислите.
Скорпија
Доколку не размислите добро и не се воздржите, ќе кажете нешто пред партнерот по што и двајцата ќе се замислите која е смислата на таа врска доколку во неа нема доверба. Во афект ќе кажете дека не му верувате или нешто слично. Што и да кажете, го правите тоа со многу добра подлога! Доколку изјавите такво нешто, не се правдајте дека тоа било во афект! Време е да ги средите недоразбирањата со партнерот. Слободните Скорпии ќе се чувствуваат послободно од било кога.
Стрелец
Сакате да бидете во движење. Сакате да се чувствувате слободно, да излезете со своето друштво. Тоа вашиот партнер можеби не сака или не може да го сфати. Потрудете се да му објасните дека тоа сте вие. Излегувањата и забавата се дел од вашиот живот. Многу е веројатно да не наидете на разбирање од партнерот, па така неминовен е судир од поголеми размери, и тоа кон средината на неделата. Расправијата во најава може да има и фатален исход по вашата врска. Слободните продолжуваат да одат „од цвет на цвет“!

 
Јарец
Ќе ви излетаат некои зборови, можеби во афект, а можеби и намерно. Би требало да се воздржите од споменувањето на поранешните партнери и врските во кои сте биле. Тие работи не треба да го интересираат било кого. Немојте да го научите тоа на потешкиот начин. Секој обид за враќање во минатото може да биде деструктивен.
Водолија
Имате проблем во комуникацијата со партнерот. Некои ситуации секогаш ви се случуваат одново. Никако да ги ставите работите на свое место. Партнерот ве разбира на прилично несериозен начин. Можеби затоа што не навлегувате во суштината на проблемот. Површнисте, дури и во моментите кога партнерот ви се извинува за нешто, а тоа само додава масло во огнот.
Риби
Склони сте да вршите различни облици на притисок врз партнерот. Оваа недела сте посебно фрустрирани од недостатокот на внимание, и притоа не сте подготвени да го сослушате партнерот. Бидете внимателни, може да се случи партнерот да ги затвори вартите на своето срце, па дури и потполно да излезе од вашиот живот.Овен
На емотивн план сте приличлно несредени. Вашите желби одат во потполно лош правец. Оние опции кои ви се отворени и на

Пронајдете не на следниве мрежи: