Љубовен неделен хороскоп: Стрелците ги очекува голем пресврт!

Љубовен неделен хороскоп: Стрелците ги очекува голем пресврт!Овен
Патувањето на кое треба да одите на почетокот на неделата, ќе ви биде многу интересно ако го земете партнерот. Слободните треба да размислат добро пред да влезат во тајна љубовна врска. Разграничете што е страст а што е љубов за да успеете во животот. Не го комплицирајте животот со ваква врска. Оваа недела ви е голем животен испит.
Бик
Лошите односи со партнерот оваа недела ќе кулминираат, затоа што со партнерот сте во некоректен однос. Односот ви се заснова на невистини и само гледате кој кого ќе излаже. Дојде време да прекинете со меѓусебното залажување. Слободните не треба да влегуваат во некоја сериозна врска.
Близнаци
На љубовен план ситуацијата е повеќе од интересна. Се трудите да го освоите срцето на саканата личност. Таа е затворена и тоа уште повеќе ве привлекува. Полека забавете и се ќе биде како што треба, ќе влезете во една убава и сериозна врска.
Рак
Настапува период во кој ќе се преиспитувате и размислувате дали сте донеле добра одлука кога е во прашање изборот на партнер. Не сте се запрашале никогаш што вашиот партнер сака и дали сте подготвени во секој поглед да го поддржите. Земете мал одмор и обидете се да разговарате со него за се што ве мачи. Ќе бидете среќни кога на крај ќе сфатите дека сте еден за друг.

 
Лав
Слободните имаат можност преку работата да запознаат некоја интересна личност. Можна е и љубов на прв поглед. Оние кои се во врска ќе бидат размислуваат само за своите проблеми и партнерот ќе биде на второ место. Сега е време да бидете романтични, да го изненадите партнерот со подарок. Немојте деловното незадоволство да му го пренесувате на партнерот.
Девица
Многу толеранција во љубовните односи е потребно оваа недела, без разлика дали сте во врска или во брак. Кулминацијата на негативни настани ќе заврши оваа недела. Сега водете сметка да не го повредите партнерот. Ако ја поминете оваа недела од следната се ќе биде подобро. Слободните припадници влегуваат во стабилен однос после сите тие бури.
Вага
Оваа недела бидете внимателни кога станува збор за љубовните односи и конфликтите со кои се соочувате. Нема да биде лесно потребно е трпение и разговор со саканата личност. Имавте лошо моменти и не е време да отворате стари теми. Посветете се еден на друг затоа што тоа е единствениот начин да ги подобрите односите.
Скорпија
Скорпиите постојано нешто чекаат во животот, па така и голема љубов. Немојте предолго да чекате за голема љубов затоа што животот ви минува. Посакувате совршен партнер но идеално не постои. Скорпиите кои се во врска се обидуваат очајно да ги поправат нарушените односи и за среќа ќе успеат. Со време ќе сфатите колку си значите еден на друг.

 
Стрелец
На љубовен план ве очекува голем пресврт. Доколку сте во брак или сериозна врска дојде време нешто да се менува, или треба да побарате нов партнер. Дојде време да донесете клучна одлука, која сега не смеете да ја промените. Слободните ќе запознаат некоја личност на социјалните мрежи.
Јарец
Доколку сте сами оваа недела ви носи добри ситуации во кои ќе доминирате и ќе бидете харизматични и неодоливи за спротивниот пол. Зрачите со позитивна енергија и тоа ќе ви донесе многу познанства. Можно е да го најдете и животниот партнер. Ве очекува убав период.
Водолија
Водолиите кои само што влегле во врска ќе имаат исклучително тешка недела. Уште не воспоставивте комуникација и не се знаете доволно. Оставете времето да донесе повеќе дружења, отворени разговори и поголема доверба меѓу вас. Доколку сте во брак постои можност за лоши односи. Слободните уште малку ќе ја чекаат вистинската љубов.
Риби
Оваа недела ќе имате успех на љубовен план, затоа што ќе ги привлекувате речиси сите од спротивниот пол, но ништо нема да биде сериозно. Во еден момент ќе сфатите дека само една личност посебно ве привлекува и тоа може да биде судбинска врска. Оние кои се во врска ќе имаат стабилен период.
 Овен
Патувањето на кое треба да одите на почетокот на неделата, ќе ви биде многу интересно ако го земете партнерот. Слобод

Пронајдете не на следниве мрежи: