Откријте што ќе ви донесе оваа недела, во љубовниот неделен хороскоп за 08.08 – 14.08.2016 година.Овен
Се обидувате да кренете ѕид околу вас кога љубовта е во прашање, но еден нежен момент на почетокот на неделата ќе ве натера да го спуштите гардот и да видите искра надеж. Потребно е многу храброст некого да повикате на состанок, но зарем вие сте кукавици?
Бик
Деталите од вашиот живот не се тајна, но мислите дека другите знаат премногу за вас а тоа не го сакате. Па обидете се да дознаете кој ве озборува. На крајот на неделата ќе решите да влезете во нова љубовна врска а дефинитивно не сте подготвени. Ако сте во врска не дозволувајте вашата љубомора се да уништи.
Близнаци
Што очекувате од личноста со која излегувате? Дали барате совршенство? Имате преголеми очекувања. Имате многу деловни обврски и дозволувате тоа да влијае на вашиот љубовен живот. Одложете некои работи и уживајте во интересната покана.
Рак
Може да бидете учесник во љубовна драма против ваша волја на почетокот на неделата. Бидете среќни што не е вашиот љубовен живот во центарот на вниманието. Сакате посебен состанок но немате доволно финансии, па оставете за подобри времиња.
Лав
Најдобар начин да дојдете до љубовен состанок е да се дружите во групи. Вашите пријатели се одлични посредници. Ако сте во врска не дозволувајте желбите на партнерот да бидат приоритет.
Девица
Вие сте во центарот на вниманието на почетокот на неделата. А тоа многу ви одговара. Можно е на крајот на неделата поранешниот партнер да се појави со многу прашања. Ако сте во врска вашиот партнер има желба да ви прости.
Вага
Ви одговарало или не, вашиот љубовен живот доаѓа во центарот на вниманието. Иако не сте подготвени вашите интимни тајни да станат јавни, сепак тоа не може да го спречите… Бидете малку дистанцирани за време на викендот.
Скорпија
Се обидувате да ги решите загатките на својот љубовен живот, но не можете да ги составите сите делови од мозаикот. Во природата ви е да ги пуштите работите додека не најдете решение. На ваше изненадување вашиот партнер е исклучително ласкав.
Стрелец
Умеете со зборовите и тоа позитивно ќе се одрази на вашиот љубовен живот. Да му кажете на некого преку порака дека ви се допаѓа е убаво, но прекрасно е ако тоа се каже во очи. Затоа немојте да чекате…
Јарец
Почнете ја новата недела на вистински начин, со нешто што позитивно ќе влијае на вашиот љубовен живот. Не е тајна дека вие се може да организирате на вистинскиот начин. Ако сте во врска заедничкиот труд е клучен.
Водолија
Колку и да се обидувате да сокриете некои работи од пријателите тоа не е возможно. Тие најдобро ве познаваат и не се обидувајте со такви работи. Вашиот љубовен живот може да доживее неочекуван пресврт во текот на викендот. Спонтаноста ќе доведе до романса.
Риби
Зар не би било убаво да отворите очи и сите вашите романтични соништа да се остварат пред вас? Но за жал така тоа не оди, во реалниот живот треба многу да се потрудите. Овен
Се обидувате да кренете ѕид околу вас кога љубовта е во прашање, но еден нежен момент на почетокот на неделата ќе ве