Љубовен неделен хороскоп за 16.06-22.06.2014

Што ве очекува оваа недела…Овен
Оваа нeдела Овните ги очекува стабилна ситуација кога љубовта е во прашање, но тоа може да се промени доколку партнерот се обидува да ја наметнува својата волја. Слободните ќе бидат многу активни и ќе ги има речиси на секоја забава.
Бик
Биковите кои се во врска оваа недела ќе имаат задоволувачка ситуација на емотивен план. Партнерот ќе биде иницијатор, а тие се ќе прифаќаат. Слободните ќе имаат шанса да запознаат некој доколку се на некое патување.
Близнаци
Близнаците оваа недела ги следи емотивна среќа и многу нови познанства и дружења. Кон крајот на неделата ги очекува смирување на целата ситуација и стагнација. Слободните ќе бидат упорни во обидот да освојат една личност.

 
Рак
Раковите оваа недела сериозно ќе започнат да размислуваат за започнување на заеднички живот со партнерот. Слободните ги очекуваат нови контакти, па можни се нови врски.
Лав
Лавовите оваа недела ќе имаат поволен период на љубовен план. Некои од нив ќе бидат во дилема и многу ќе ја анализираат љубовната ситуација. Оние што се слободни ги очекуваат нови контакти преку пријатели.
Девица
Девиците во втората половина од неделата ќе станат многу раздразливи и на партнерот ќе се обидуваат да му го наметнуваат своето мислење. Тоа ќе придонесе за зголемување на тензиите. Слободните ќе имаат многу нови средби и познанства.

 
Вага
Вагите оваа недела ќе бидат посветени на приватните работи, ќе имаат желба со партнерот да изградат стабилен однос. Слободните припадници ќе имаат многу контакти со лица кои живет во странство.
Скорпија
Оваа недела Скорпиите излегуваат од напнат период во партнерските односи, но многу од нив размислуваат и за тајна љубовна комбинација. Кај многу припадници на знакот се забележува и нервозна комуникација, но со искрен разговор се може да се реши.
Стрелец
Стрелците оваа недела ќе имаат главно складни партнерски односи. Во втората половина на неделата ги очекува поголема напнатост во врската, а можни се и големи барања од страна на партнерот. Слободните ги очекува шанса за нови познанства.

 
Јарец
Јарците влегуваат во поволен емотивен период, па може да очекуваат да им се случат многу позитивни работи. Оние што се во врска со партнерот ќе имаат стабилен однос со многу разбирање.
Водолија
Водолиите оваа недела ќе почувствуваат како напнатоста во љубовната врска полека слабее. Па ги очекува стабилизација и позитивна комуникација со партнерот. Слободните ги очекува нова љубовна врска.
Риби
Рибите ќе чувствуваат зголемена напнатост во врската, но со разговор ќе се разрешат сите несогласувања. Слободните ќе запознаат нова личност со која одлично ќе комуницираат.Овен
Оваа нeдела Овните ги очекува стабилна ситуација кога љубовта е во прашање, но тоа може да се промени доколку партнер

Пронајдете не на следниве мрежи: