Љубовен неделен хороскоп за 22.08.-28.08.2016

Откријте што ќе ви донесе оваа недела на љубовен план…Овен
Идеална прилика за љубов доаѓа во среда. Ако сте во потрага по партнер, среќата ќе ви се насмее тој ден. Четврток е ден за семејството и работи кои се однесуваат на вашиот дом. Близок пријател е заслепен од љубов и не ги гледа работите во вистинско светло. Укажете му на грешките, најдоцна до петок.
Бик
Цела недела поминува во знакот на позитивната енергија. Шанси за нови познанства се гледаат за викендот. За промена, најдобри денови се понеделник и вторник. Во среда ќе научите важна љубовна лекција. Недела е совршен ден за одмор.
Близнаци
Оваа недела ви носи многу забава. Вторник и среда ќе ви бидат исполнети со добро расположение. А во четврток подгответе се за романтика. Може да запознаете потенцијален партнер. Одморете во петок, а позитивната енергија оставете ја за викендот.

 
Рак
Во понеделник и вторник ќе се чувствувате прекрасно. Во среда и четврток ќе бидете посветени на работата. Не го запоставувајте премногу партнерот. Најповолни за љубов ќе ви бидат петок и сабота.
Лав
Подгответе се за пламени страсти кои ви ги испраќаат ѕвездите. Во среда и четврток ќе бидете особено шармантни и никој нема да може да ви одолее, и ако сте во врска и ако сте слободни. Петок е поволен ден за разговор. Кажете се што ви лежи на срце.
Девица
Понеделник и вторник се поволни денови за планирање. Ако некој ви се допаѓа, лесно ќе го освоите. Во вторник или среда, ве очекува изненадна средба со мила личност од минатото. Ако љубовта е игра за вас, петок и сабота се вашите дена за победа.

 
Вага
Ако имате љубовен план, ѕвездите се на ваша страна на почетокот на неделата, особено во вторник. Време е да го отворите своето срце. Во четврток и петок бидете внимателни со партнерот. Ако сте слободни, викендот ќе ви биде бурен.
Скорпија
Оваа недела нема да биде возбудлива за вас. Доколку имате партнер, се ќе биде мирно. А ако сте слободни, веројатно ќе бидете посветени за други работи. Затоа за викендот ве очекува пријатно љубовно изненадување.
Стрелец
Во понеделник смирете ги сомнежите на партнерот. Ако во средината на неделата сте тажни и осамени, не се враќајте на стара љубов. Поминете го викендот забавувајќи се.

 
Јарец
Најповолни денови за романса се петок и сабота. Во вторник и среда може да дојде до некои недоразбирања. Најдобро е да останете присебни и да размислувате позитивно. Во недела заборавете на тврдоглавоста.
Водолија
Многу размислувате за други работи. Љубовта ви е на последно место.за викенд можете тоа да го поправите. Во вторник, една случајна средба, ќе ви го подобри расположението. Во петок останете дома.
Риби
Не губете време. Најдобри денови за романтика се на самиот почеток на неделата, понеделник и вторник. Најдобро време е тие денови да тргнете на патување со партнерот. Во среда и четврток заборавете на љубовта, посветете се на работата.Овен
Идеална прилика за љубов доаѓа во среда. Ако сте во потрага по партнер, среќата ќе ви се насмее тој ден. Четврток е д

Пронајдете не на следниве мрежи: