Кој му посакува политички и бизнис-банкрот на ЗаевВ понеделник, Зоран Заев и Петар Шилегов можат да станат лесен плен за ВМРО-ДПМНЕ. Тужбите што ги најавуваа премиерот Груевски и шефицата на полицијата, Гордана Јанкулоска, се ништо спрема тоа што може друго да им се случи доколку утре Конгресот на СДСМ му изгласа недоверба на Заев.Сосема неочекувано, сите сметки на опозицијата ги наруши еден „љубовен триаголник“, во кој се наоѓаат лидерот Зоран Заев, екс-лидерот Бранко Црвенковски и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. Има тука во тој љубовен триаголник патење поради неверства, нелојалност, но пред се' за тоа кој е главата а кој е телото на СДСМ. И во чии раце е Пендаровски, кој освои 400 илјади гласови, за кои некои како да забораваат намерно дека ги доби под диригентска палка на Заев.Но, изгледа на опозицијата и' е малку еден Љубе Бошкоски, па сега сакаат да произведат уште еден. Тоа би бил кој друг ако не, брзиот на јазик Заев, кој стави се' на коцка со доаѓањето од Струмица во Скопје. Своето бизнис и политичко царство на југоистокот на Македонија и својата политичка кариера. СДСМ е пред сериозен ризик да се распадне растргнат од многубројните фракции. Не се само Заев, Црвенковски и Пендаровски во прашање, туку ерупцијата на нивното ривалство оживеа и некои стари рани, како на пример заминувањето на Стевчо Јакимовски, маргинализирањето на водечката пратеничка постава, кој е крив за прекинот на „отпорот“.Многумина истакнати членови на СДСМ велат дека во неделата на 27 април, во 19.05 часот ја слушнале првпат изјавата на Заев за непризнавање на изборите иако и самите биле во штабот на СДСМ. Велат, одлуката ја донеле сами Заев и Шекеринска, иако имало аргументи „за“ но и „против“ таа одлука. Околу бојкотот на парламентот кој го постави Заев како стратегија, неговите противници велат дека се покажало дека околу него нема(ло) концептуални разлики во СДСМ, туку само персонални бидејќи Заев сега го оживува, иако пред една година беше против него.Ова насобрано незадоволство, пак (у)кажува дека социјалдемократите малку разговарале меѓу себе за внатрешните слабости на партијата и дека единствената карта на којашто играле е дека „Груевски е виновен за се'“. Тоа се покажа и низ судирот во тројка меѓу Црвенковски, Заев и Пендаровски, каде што една обична мала лага исфрли на површина ноторен факт дека некој од двајцата клучни луѓе на овие избори Заев или Пендаровски не беше чесен кон јавноста во една од своите изјави. А кредибилитетот и конзистентноста на луѓето што предводат една политичка партија се од круцијално значење.Кога ќе се слушнат високите тонови од „Бихаќска“, се наметнува непријатниот заклучок дека таму долго време се случува нешто слично на куклен театар. Гледаш некои ликови на сцената, ги гледаш нивните дијалози и реплики, но после сфаќаш дека тие биле само кукли кои некој ги управувал со конец од зад параванот. И им го позајмувал, тој, својот глас а тие нему својот лик. И како и на крајот на секоја куклена претстава, на крај на сцената излегува оној кој ги влечел конците и им го позајмувал својот глас на куклите.
Повеќе на следниот ЛИНКВ понеделник, Зоран Заев и Петар Шилегов можат да станат лесен плен за ВМРО-ДПМНЕ. Тужбите што ги најавуваа премиерот Груевски и шефицата на полици