Во август 2014 година, Џереми и Џастис застанале на „лудиот камен“ после години и години забавување. Но, само три недели по венчавката, Џастис доживеала несреќа од која евдвај извадила жива глава, и доживеала амнезија. Кога ги отворила очите, не знаела дека таа и нејзиното момче се во брак! Затоа Џереми одлучил да ѝ пружи нови спомени- и го разнежни интернетот.Џереми Стампер ја запознал жената на својот живот уште како девојче на час по веронаука, а почнале да се забавуваат неколку години подоцна. Се вериле кога Џастис имала само 17 години, а со венчавката причекале кога невестата станала полнолетна.
По медениот месец, овој пар се вратил во нормален живот, но набрзо потоа Џастис, возејќи се, направила кобна грешка, не ја видела колата која ѝ наидува од мртов агол и завршила во болница.
Месец дена по несреќата, го погледнала сопругот и признала дека воопшто не се сеќава на венчавката- целиот процес на планирање и самата церемонија, вели Џереми.
Тогаш тој одлучил- ќе ѝ пружи на својата сопруга сосема нови спомени!
„Ми се скрши срцето кога рече дека не се сеќава на венчавката, но веднаш одлучив дека повторно ќе се оженам со неа! Ветив дека ќе се грижам за неа, и еве ме сега овде- венчавка, втора рунда“, вели Џереми.
„Нашата прва венчавка беше прекрасна и совршена, овој пат сакам Џастис да биде воодушевена“. Поради сето тоа тој започнал онлајн собирање на пари, и се надева дека ќе дојде до 5000 долари. Сето тоа за да може да се организира уште една, совршена венчавка.
За сега му оди одлично, а за да се заблгодари, сите кои донирале ги повикал на својата нова венчавка, важно само да му се најават на време.Џереми Стампер ја запознал жената на својот живот уште како девојче на час по веронаука, а почнале да се забавуваат неколку години подоцна. Се вери



