Љубовна ТРАГЕДИЈА на брод: Таа се лизнала и паднала, а тој…

Кристин Шодер (27) и нејзиниот вереник Пол Розингтон (30) се водат како исчезнати  веќе две години, откако и двајцата паднале  од петтиот спрат од голем крузер. Се претпоставува дека умреле сами, среде мрачниот Тихи океан, ноона  што се случило неколку моменти пред нивната смрт е вистинска филмска драма.Пол и Кристен тргнале на ова патување во 2013 година откако некое време  имале сериозни проблеми во врската. Мислеле дека на овој начин или ќе се смират, или ќе стават крај на врската- но ваков развој на ситуацијата никој не очекувал.
Неколку часа пред да скокнат во својата смрт, парот бил снимен од безбедносните камери како жестоко се распарава во казиното. Кристен потоа отишла во собата, Пол по неа- а дури утредента луѓето  сфатиле дека парот го нема. Требало да се најдат со мајката на Кристен во Австралија, но никогаш не се појавиле.
Дури подоцна инфрацрвената камера покажала што всушност се случило. Прво Кристен  паднала од терасата на петтиот спрат на крузерот, а сеунда по неа скокнал и Пол- очигледно сакајќи да ја спаси од сигурната смрт.
Никогаш повеќе не биле видени.
Од прва никому не му било јасно како дошло до оваа несреќа, бидејќи мала е веројатноста Кристен да сакала да се убие, а по снимката се гледа дека не е турната, туку се лизнала ( тоа се гледа по фактот неколку секунди успеала да се здржи на раце пред кобниот пад).

 
А потоа државниот патолог по долго истражување рекол што открил- изгледа дека несреќната девојка прескокнала преку оградата за да го тестира Пол и малку да го исплаши, многу слично на онаа сцена во „Титаник“. Потоа се лизнала, но нејзиниот вереник не успеал да ја фати за раката.
На снимката се гледа дека буквално  веднаш по неа скокнал и Пол.
„Смртта на Пол и Кирстен е дополнително  вознемирувачка  доколку  се земе в предвид  осаменоста на нивната смрт, сами во мрачен океан, но и затоа што на ова патување тргнале за да ја спасат врската. Парадоксално, она што се мачеле да постигнат во животот, а тоа е заедница, можеби успеале да го постигнат со својот последен чин во животот“, рекол патологот Хју Дилон.

Кирстен паѓала шест метри, пред да удри со телото од спрат од бродот, и потоа паднала во ледената вода. Ова за патологот е јасен доказ за љубовта која Пол ја чувствувал кон Кирстен, и токму  затоа порачал на Пол постхумно да му биде доделан крст на јунаштвото- најголема награда за храброст во Австралија.
„ И покрај сите проблеми во врската, тие очигледно многу се сакале. Доколку ви е потребен доказ, тоа се гледа кога Пол, знаејќи дека скоро сигурно ќе се удави, без размислување  скокнал по неа“, рекол патологот.Пол и Кристен тргнале на ова патување во 2013 година откако некое време  имале сериозни проблеми во врската. Мислеле дека на овој начин или ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: