Има многу припаднички на понежниот пол кои посветено ја следеа серијата „Сексот и градот“. Емотивна серија која им овозможуваше на гледачите да се соживеат со среќните, возбудливи моменти и разочарувања на Кери, Шарлот, Миранда и Саманта. Серијата имаше големо влијае и во голема мера фрли нова светлина на женскиот поглед на љубовните врски и сексот. Еве неколку кратки совети за подобрување на љубовниот живот инспирирани од оваа серија.
Што и да се случи, бидете свои
Во серијата, Кери постојано се трудеше да биде своја, во секоја прилика. Таа велеше дека не може да биде жена со совршена коса, совршена облека на која не смее да истури ништо.
Како и секоја друга жена, се соочуваше со многу проблеми, ставови, каприци, на шармантен и питом начин, многу својствен за нејзиниот карактер.
Кери никогаш не им завидува на другите жени кои тврдат дека се совршени, ниту пак се обидува да биде како нив.
Затоа, бидете горди на себе и освојте ги мажите со својата самоувереност, а не со „совршеност“.
Храброста е клучна
Сите жени голем дел од својот живот го поминуваат талкајќи и мечтаејќи за вистинската љубов! Никогаш не откажувајте се од своите соништа. Наместо да се борите своите со длабоки емоционални дилеми, храбро борете се вашите соништа да станат реалност. На крајот, ќе се исплати.
Имајте свој став
Да се биде секси значи да се биде многу самоуверена, да ја познаваш својата грациозност и вредност (такви се дамите нели?). Оваа состојба на умот е тајната на лесното освојување на секој маж.
Поразите се дел од животот, но запомнете, победуваат оние што не се откажуваат! Продолжете, останувајќи цврсти на својот став и доследни на своите желби и соништа.
Извор. lady.mk
Има многу припаднички на понежниот пол кои посветено ја следеа серијата „Сексот и градот“. Емотивна