За денот на вљубените, 14 февруари, TLC Каналот ви подготвува 8 епизоди кои ја прикажувата љубовта во најразлични форми.11.00 часот: Мормонска полу-љубов
Во оваа серија ќе ја запознаете мормонката Мелинда Бирд која боледува од синдром на каудална регресија. Ништо не ја спречува да води активен живот, но нема среќа во љубовта. Следете ги искуствата на Мелинда во оваа епизода, можеби нешто ќе се промени.
12.00 часот: Екстремни скржавци: Романса
Во оваа серија ќе ги запознаете едни од најскржавите луѓе на светот кои ќе ви ги претстават своите екстремно досетливи начини да заштедат некоја паричка.А како се снаоѓаат во љубовта додека пробуваат да ја заштедат баш секоја паричка? Цвеќето од гробишта се претвора во букет за првиот љубовен состанок? Старите хотелски чаршави се нови детали за во спалната соба ? Најевтината долна облека за романтична вечер? Некои луѓе едноставно знаат да ја намалат големата цена на љубовта.
14.00 часот: Малечката во потрага за љубов
Во оваа серија ќе ја запознаете средношколката Хана Критцек, која е висока само 96 см и е во потрага по љубов. Погледнете како таа се справува со предизвиците кои ѝ ги носи животот.
16.00 часот: Мојот мал ужас: Моето куче ми го уништува љубовниот живот
Терапевтката Жаклин Вилсон им помага на сопствениците на кучиња во реонот Лос Анџелес во решавање на лошите навики на нивните миленичиња, кои често може да влијаат на љубовниот живот на партнерите.
18.00 часот: Омажена за мафијаш: Јас и мафијата
Кога Ненси Еспосито се омажи со Мајк Делуци мислеше дека има сѐ. Но медениот месец им заврши со доаѓање на ФБИ на врата. Ненси му постави ултиматум на Мајк: таа или мафијата.
19.00 часот: Не требаше да организираме венчавка
Понекогаш на добрите луѓе им се случуваат лоши венчавки. Паровите ни раскажуваат за своите свадбени ноќни мори со досетлива реконструкција на нивните венчавки.
11.00 часот: Мормонска полу-љубов
Во оваа серија ќе ја запознаете мормонката Мелинда Бирд која боледува од синдром на кауд