ЉУБОВТА КОН ОКУПИРАНИОТ РОДЕН КРАЈ НЕ Е ИРЕДЕНТИЗАМ!

Грчкото министерство за надворешни работи ја обвини Македонија за иредентизам, затоа што македонскиот конзул во Торонто ги поздравил Македонците на традиционален Илинденски пикник пред бина со етно-историската карта на Македонија.За волја на вистината, во светот останаа стотици илјадници Македонци чии корени се во Егејскиот дел на Македонија од каде што насилно биле протерани тие или нивните родители и прародители од грчките окупатори, за време на Балканските војни 1912-1913, Првата светска војна 1914-1918, Втората светска војна 1939-1945 година и Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.
Илјадници Македонци од Егејскиот дел на Македонија, после Балканските војни, Владата во Атина ги протера во Турција и Бугарија, со Анкара и Софија изврши “размена” на население… Стотици илјадници Македонци денес живеат низ целата територија на Бугарија и Егејска Турција. Овие Македонци иако “станале Турци и Бугари по државјанство” ги сочувале спомените за нивниот роден крај во Егејскиот дел на Македонија. Се' уште имаат носталгија по своето…
Владата во Атина после Балканските војни го колонизира Егејскиот дел на Македонија со инородно население од Мала Азија, доселеници од Турција, познати како Маџири или Понди. Ги всели во куќите и им ги даде имотите на насилно прогонетите Македонци. Денес Маџирите, Пондите, доселениците во Егејскиот дел на Македонија, велат дека се Македонци наместо Македонците, иако се уште зборуваат турски јазик, си ги одржуваат културните традиции и обичаи од Мала Азија, од Турција.
Владата во Атина за цело време од Балканските војни и денес, во куќите и на имотите на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија врши колонизација со инородни доселеници од поранешните советски републики, со единствена цел да то заврши процесот на трајна промена на етничката карта на Македонија. Одбосно, домородните Македонци во Егејскиот дел на Македонија да станат малцинство…
Владата во Атина од Балканските војни врши системско и систематско етничко чистење и геноцид врз Македонците во Егејскиот дел на Македонија.
На протераните Македонци од Егејскиот дел на Македонија, Владата во Атина никогаш не им дозволи да се вратат на своите родни огништа, им ги забрани правата на државјанство, граѓанските, имотните и наследните права.
Кај насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија во светот засекогаш ќе остане чемерот по родниот крај, во кој прашање е дали и кога ќе се вратат.
Љубовта кон родниот крај, врз кој Грците извршија окупација и етничко чистење и геноцид врз Македонците, а за тоа Грција досега не одговарала, не претставува иредентизам! Грчките ѕверства врз Македонците биле полоши од тие кои терористичката ИСИС ги изврши и се уште ги врши врз православните, неверните и кривоверните во Ирак и Сирија… Кланица…
Реакцијата на Владата во Атина со обвинување до Владата на Македонија, дека нејзин дипломат ги поздравил насилно прогонетите Македонци и нивните потомци на некоја прослава или чествување било каде во светот, е рефлексија на историската вина за грчкиот геноцид врз Македонците!
Иредентизам не е љубовта кон својот роден крај врз кој Владата во Атина извршила окупација и геноцид!
Македонците никогаш не ја окупирале “грчка Македонија”, Македонците никогаш не извршиле геноцид врз Грците! Грците ја окупирале Македонија и извршиле геноцид врз Македонците!
И покрај се' и после се', простуваме, но не забораваме! Бараме извинување и репарации за штетите по животите и имотите на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија и експлоатацијата на природните ресурси во окупираниот Егејски дел на Македонија, не помалку од 30.000 милијарди евра! Бараме враќање на државјанствата, граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија!
И покрај се' и после се', подаваме рака за историско македонско-грчко помирување, предлагаме владите во Скопје и во Атина да склучат Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција што ќе ја замени македонско-грчката Привремена согласност од 13 септември 1995 година.
Биле војни, да даде Господ никогаш да не се повторат!
Наскоро сите здруженија на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија ќе одржат генерално Собрание за договор за стратегија кон владите на Македонија и Грција и меѓународната заедница. Делегации на Македонците од Егејскиот сел на Македонија ќе побараат директни средби со претседателите, парламентите и владите на Македонија и Грција во Скопје и во Атина, поглаварствата на ООН, ЕУ, НАТО, Советот на Европа, ОБСЕ, Евро-азиската Унија, БРИКС, за трајно решение на барањата на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, Амин!За волја на вистината, во светот останаа стотици илјадници Македонци чии корени се во Егејскиот дел на Македонија од каде што насилно биле протеран

Пронајдете не на следниве мрежи: