Членот на Ад-Хок телото за мониторинг на медиумите Љуљзим Хазири (помеѓу Албанците познат како Љуљи) не присуствувал на голем дел од седниците на кои се изрекуваа казни за медиумите. Тој, преку неговата невладина организација бил на семинар на СОРОС и УСАИД и преку телефон го давал пресудниот глас со кој се казнуваат Сител, Алфа и Нова ТВ – дознава „Вечер“ од извори во ад-хок телото.Ова директно го оспорува легитимитетот и легалитетот на одлуките за казнување, затоа што се поставува прашањето: Како тој одлучувачкиот глас го давал без да присуствува на седницата и да ги погледне фактите кои биле презентирани во извештаите, пренесува „Вечер“.
Дека наместо да ги врши работните обврски за кои заработува преку 70.000 денари плата, Љуљи си работи за неговата Соросова организација, потврдуваат и фотографиите кои самиот си ги објавува на својот фејсбук-профил. Една од фотографиите потврдува дека баш на денот кога беа изречени казни против медиумите тој говорел на дебата на Соросовите организации заедно со Филип Стојановски, кој важи за еден од најистакнатите експоненти на Сорос во Македонија.
Во исто време, како што дознаваме, тој не присуствувал на голем дел од состаноците на телото, а на оние кои присуствувал речиси и да не говорел ништо – единствено го интересирало да гласа и постојано прашувал за патните трошоци кои му ги исплаќа Агенцијата за медиуми.
Хазири работи во Соросовата организација АДИ од Гостивар, која на јавноста и е позната по тоа што има удел во послединот милионски грант на УСАИД за проект за развој на активизмот, односно за организирање на протести. Покрај Љуљи и неговата организација, парите ги делат и Фондацијата „Метамофрозис“, Фондацијата „Сорос Македонија“ и уште неколку македонски невладини организации
Гласот на Љуљзим Хазири-Љуљи, во ад хок-телото е пресуден во одлучувањето за тоа дали некоја телевизија ќе биде казнета. Останатите претставници доаѓаат по предлог на политичките партии: Цветин Чилиманов и Слаѓана Димишкова по предлог на ВМРО-ДПМНЕ и Горан Трпеноски и Љубомир Костовски по предлог на СДСМ. Симптоматично е тоа што Костовски работи на проекти за “Метаморфозис”, која има заеднички проекти со организацијата на Хазири, што значи двајцата работат за ист центар на моќ.
Најголем дел од одлуките за казнување кои се донесени до сега, ад-хок телото ги донесе со 3 гласа за и 2 против, при што пресуден беше гласот на Љуљзим Хазири. Последната скандалозна одлука датира од минатата недела кога благодарение на гласот на Соросовиот активист беа казнети ТВ Сител, ТВ Нова и ТВ Алфа. Вчера, членот на ад-хок телото Цветин Чилиманов, во изјава за медиумите истакна дека за исти ситуации, во ад-хок телото важат двојни стандарди за различни медиуми.
– Општ заклучок е дека во овој осми циклус и во претходните циклуси дојде до израз крајната партизираност и политизираност на оваа комисија. За ист вид на прекршоци, едни телевизии редовно се казнуваат, додека на други телевизии им се прогледува низ прсти, а денеска и официјално. Мое мислење е дека македонските медиуми генерално известуваат избалансирано, коректно, има даваат простор на сите партии кои што сакаат да ги претстават своите ставови до јавноста. Имаме често пати случаи на медиуми кои што се казнувани од страна на привремената комисија, од овие тројца членови кои што е предложени и одобрени од страна на СДСМ, затоа што наводно не изнеле доволно ставови на партијата СДСМ, потоа овие медиуми ни кажуваат дека упатиле покани и дека овие покани се одбиваат, на нив не се одговара, изјави Чилиманов.
Ова значи дека токму со гласот на Хазири, даден преку телефон СДСМ издејствувал казнување на медиумите кои и сами ги имаат прогласено за политички непријатели.Ова директно го оспорува легитимитетот и легалитетот на одлуките за казнување, затоа што се поставува прашањето: Како тој одлучувачкиот глас го дав