Љуљзим Баша: САД знаат за поврзаноста на Рама со мафијата

Лидерот на најголемата опозициска Демократска партија Љуљзим Баша, денеска на 37-от ден од протестите пред албанската Влада, упати тешки обвинувања до актуелниот премиер Еди Рама и го повтори барањето за негово заминување.Тој наведе дека Демократската партија и нејзините сојузници ја имаат подршката на Америка и Европа, што добро знаат дека со „Албанија владее премиер кој станал едно со мафијата“.
– Ова е 37-ми ден од протестите, нашата одлучност не се намалува да останеме овде на овој плоштад. Уште од првиот ден истакнавме дека ова е национално движење, бидејќи од него зависи судбината на сите Албанци, каде и да се. Друга алтернатива нема, една силна Албанија е најдобра и најсигурна гаранција за посилни и подостоинствени Албанци, каде и да живеат, порача Баша.
За албанскот демократски лидер, една слаба Албанија каде власта ја држи во рака судбината на луѓето и се заканува со купување гласови, е “најголемата гаранција за другите земји да ги негираат правата на Албанците во дијаспората“.
– Ова не е движење чија цел е менување на границите, туку движење кое тежнее тие граници да не бидат бариери и да ги обединат Албанците. Поради тоа ја имаме подршката од сите Албанци каде и да се. Ова е битка за достонството на албанскот народ, битка за слободни и фер избори, нагласи Баша.
Поради тоа, Америка и Европа се со нас до крај, потенцираше лидерот на најголемата опозициска Демократска партија.
– Треба да ја ослободиме Албанија од тиранијата. Западот и Вашингтон ја знаат вистината дека Албанија ја раководи премиер кој стана едно со мафијата,- изјави Баша пред демонстрантите во огромниот шатор пред Владата во Тирана.Тој наведе дека Демократската партија и нејзините сојузници ја имаат подршката на Америка и Европа, што добро знаат дека со „Албанија владее

Пронајдете не на следниве мрежи: