Новинарот Љупчо Златев објави статус на совијалните мрежи во врска со нелегитимниот избор на претседател на Собранието „Она што е најинтересно е тоа што пратениците на СДСМ со жив штит, вчера, во ќош го штитеа Талат Џафери од разбеснатите граѓани а во исто време го оставија нивниот лидер Зоран Заев да биде удиран со тупаници и предмети.Знаете ли зошто Џафери им беше поважен од Заев почитувани пријатели? Затоа што Талат им е најважен во моментов, тој е нелегално избран (без да се следи собраниската процедура и со 58 наместо 61 пратеник) и тој ќе биде оној кој што ќе се среќава со Хојт Ји и останатите мешатари по чија нарачка беше поставен. Него не смее да му фали влакно од главата, затоа што тој ќе го свика нелегалното собрание (сега зградата ја штитат 10.000 полицајци) кое ќе ја избере нелегалната и квислиншка влада.Истово се случуваше во Украина, кога западот изврши Пуч над легитимно избраниот Виктор Јануковиќ. Пучот беше ист, со недоволно пратеници во Собранието.ЕУ и САД го признаа нелегално избраниот Џафери, со што потврдија дека се главни организатори и иницијатори на сценариото – да се изврши Пуч со избор на претседател на собранието баш во 18:30, кога граѓаните се пред Собранието.Се надевам дека деновиве полициските службеници ќе и откажат послушност на хунтата и ќе се приклучат на народот во борбата против ова зло. Оние кои беа синоќа тепани, денес продолжија како на џоистик да реагираат и да провоцираат. Зарем не им беше доста ќотек синојка? Наместо да побараат помирување и смирување на страстите, тие уште повеќе го разгневнуваат народот кој не може да се контролира.Се повеќе мислам дека единствен политичар со интегритет да ја спаси Македонија од очигледен распад е претседателот Ѓорге Иванов. Доколку, контролираните со џоистик одлучат да избираат влада – нема друг избор освен вонредна состојба. Вонредна состојба е добра одлука и за да се спасат од линч функционерите и активистите на СДСМ. Разбеснатиот народ никој, ама баш никој, не може да го контролира. Видовме со што се соочија Ѓорчев, Латас и Тодоров во обидот да ги спасат од линч пратениците од СДСМ, кај вжештени глави – нема авторитет. На крајот од денот и тие од СДСМ се наши сограѓани, независно што сакаат да спроведат, нивните животи се подеднакво важни како животот на секој граѓанин на Република Македонија. За да не се закрвиме, за да не дојде до сценарија од кои нема назад, има само едно решение – ВОНРЕДНА СОСТОЈБА!“, напиша Златев„Она што е најинтересно е тоа што пратениците на СДСМ со жив штит, вчера, во ќош го штитеа Талат Џафери од разбеснатите граѓани а во исто вре
Пронајдете не на следниве мрежи: