Најголемиот интернет пребарувач Гугл, денешното лого го посвети на Каролина Лукрециа Хершел, најпознатата астрономка која е родена на денешен ден во 1750 година.Поминале 226 години од нејзиното раѓање. Таа е од Германија, родена е во Хановер како осмо дете на рурално германско семејство. Според записите, на 10 години заболела од тифус, кој и оставил застој во растот, поради што и не се омажила.
На 22 години се сели во Англија со братот Вилијам, тогашен познат астроном. На почетокот се занимавала со музика, но астрономијата се повеќе почнала да ја привлекува откако брат и дошол до големо откритие во 1781 година. Тогаш ја открил планетата Уран, со што се вивнал во историјата, а исто така му бил доделен чин витез.
За својата рабпота на поле на астрономијата, Хершел добила златна медала во 1828 година од кралското астрономско друштво, со што станала првата жена наградена за научна работа. Награден е нејзиниот придонес во науката, бидејќи открила 6 нови комети. Поминале 226 години од нејзиното раѓање. Таа е од Германија, родена е во Хановер како осмо дете на рурално германско семејство. Според записите, на



