Најголемите проблеми за компаниите од охридско – струшкиот регион се нелојалната конкуренција, нееднаквите можности за водење бизнис, а најголемото очекување е развој и подобрување на локалната инфраструктура. Ова се заклучоците од деловната средба организирана од Бизнис Конфедерација на Македонија со претприемачите и претставниците на микро, малите и средните компании од овој регион. На средбата подеднакво се дискутираше и за поставувањето приоритети и изнаоѓање решенија за подобрување на бизнис климата во Македонија и создавањето на одржлив бизнис и деловност за компаниите.
„Ова ни е веќе втора средба со локалните компании од одредени региони во земјата. Покрај извесни проблеми и предизвици со кои се соочуваат подеднакво сите, сепак со ваквите непосредни средби и разговори, се издвојуваат пречки што се типични за различни услужни дејности и производни сектори. Со оглед на индустриската гранка која што е најзастапена во охридско – струшкиот регион, проблемите на претприемачите на овие компании се издвојуваат по својата специфичност, а нивните барања и приоритети се дефинираат врз основа на секторот каде припаѓаат. Тоа нас ни дава насоки и прецизни одредници како и каде да делуваме, што да направиме и заедно со локалната бизнис заедница, да создадеме услови за подобар и непречен развој“, изјави Миле Бошков, Претседател на Бизнис Конфедерација на Македонија.
Со цел надминување на проблемите со кои се соочуваат компаниите, Бизнис Конфедерација на Македонија изработи платформа од предлог политики и стратегии базирани на најпроблематичните точки во работата на деловните субјекти. Владеење на правото, Пристап до финансии, Претприемачка култура, Лојална конкуренција и Овозможувачка правна и регулаторна средина се насловите на овие платформи.
Создавањето на предлог политиките како и организацијата на настанот се поддржани од проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот. Бизнис Конфедерација на Македонија продолжува со промотивни настани и средба со локалните компании во повеќе градови од државата со што ќе бидат вклучени голем број сопственици, претприемачи и менаџери со цел подобрување на бизнис климата во земјата.На средбата подеднакво се дискутираше и за поставувањето приоритети и изнаоѓање решенија за подобрување на бизнис климата во Македонија и