Локализиран пожарот во трговскиот центар во Москва, тројца повредени

Големиот пожар кој го зафати трговскиот центар за градежни материјали „Синдика“ во Москва синоќа е локализиран, а три лица се повредени во инцидентот.Официјален претставник на пожарникарската служба истакна дека пожарот е локализиран на површина од 55.000 метри квадратни.
Според претходните информации, пожарот избил во подрум, а потоа се проширил на подземната гаража и делумно на покривот. Биле евакуирани над 3.000 луѓе.
Еден дел од покривот и ѕидовите се урнале, а анонимен извор тврди дека и неколку автомобили експлодирале во подземниот паркинг.
Околу 300 метри квадратни од кровната површина се урнале, а постои опасност и од натамошно уривање.
Во гаснењето на пожарот учествувале 290 пожарникари со 170 возила и три хеликоптери.
Засега не е позната причината за пожарот и во тек е истрага
 
 Официјален претставник на пожарникарската служба истакна дека пожарот е локализиран на површина од 55.000 метри квадратни.
Спо

Пронајдете не на следниве мрежи: