Во Италија денеска се одржуваат локални избори што претставува извесен тест за поддршката на граѓаните за партиите пред парламентарните избори што треба да се одржат најдоцна до следната пролет.Околу девет милиони гласачи бираат градоначалници во повеќе од илјада градови ширум државата, а гласачките места ќе бидат отворени до 23 часот.
Во градовите со повеќе од 15.000 жители вториот круг е планиран за 25 јуни во случај никој да не освои мнозинство во првиот круг.
Иако тоа се последни пред парламентарните избори, аналитичари проценуваат дека поради локалните теми најверојатно не може да бидат сигурен знак за парламентарните избори. Во некои изборни трки големи партии се повлекле и одбрале да се приклучат во коалициски „граѓански листи“ наместо да истакнат сопствени кандидати.Околу девет милиони гласачи бираат градоначалници во повеќе од илјада градови ширум државата, а гласачките места ќе бидат отворени до 23 часот.