Лондон и Брисел на пазар во Прилеп

СДСМ имаше митинг во Прилеп. И, ете ги, истиот ден, случајно, на пазарот во Прилеп и Чарлс Гарет и Самуел Жбогар. Првиот, од земја што мисли дека ЕУ веќе нема вредности што го заслужуваат нивното синокрвно друштво, вториот од Унијата што мисли дека Британците малку одлепиле, па веќе не сакаат со нив. Дента кога му кажале дека двајцата се во Прилеп, а дека прилепските улици тогаш ги гази и Заев, Груевски веројатно честел оти, без да мрдне со прст, ете му некој процент плус на рејтинг-листите. Зашто прилепчани се умрени од желба некој од странство да им потпикнува за кого да гласаат на изборите. Ако истиот ден фатил златна рипка, Груевски веројатно посакал да се јави и Џес Бејли. Не е битно за што, само колку да не остане покусо. И ете го амбасадорот на „Твитер“, што значи нова тура сокчиња. Оти можеш да се отепаш од ветувања за базени, и за контејнери, и за цуцли и шишиња за бебиња, ама тоа што може да ти го завршат големите, друг не може. Не случајно САД, Велика Британија и ЕУ се велесили.Ама златната рипка не останала само тоа. Сигурно била расположена, па наместила и Германката Алтхаузер да се сретне на некоја конференција за правни работи (види ти се молам) со Kатица Јанева. Господ знае што муабетеле оти гоблени кај нас веќе не се везат, ама не е ни битно. За ВМРО-ДПМНЕ е битно што по толку години, по десетици депресии за невозвратната демохристијанска љубов и стотини чифта искинати чевли, конечно добија отворена поддршка и од Германија. Такво е тркалото на среќата. Се завртува кон тебе тогаш кога не очекуваш. Kолку повеќе гоблени на Јанева со амбасадори, толку повеќе гласови за ВМРО-ДПМНЕ.
Уште еден-два вакви геста на пријателство кон ВМРО-ДПМНЕ и партијата ќе може со мирна душа да ги остави амбасадорите не само да ги балансираат медиумите туку и да им бидат уредници зашто нема да имаат никакво влијание. Или тоа веќе е направено?
Kако и да е, кампањата си тече. Гледаш турска серија и баш тогаш кога типот разбрал која од двете сестри му е свршеница, а татко ~ дал дозвола овој да се ожени со другата, значи токму тогаш кога од ваква вселенска возбуда, наместо во уста, чашата со пијалак си ја истураш врз облеката, а претходно си ги истепал децата зашто ти досадуваат среде ваквиот интелектуален напор, серијата се прекинува и ти ги пуштаат Заев или Груевски. Да ти кажат колку ќе ти била минималната плата. И колку Заев ќе ти врател од ДДВ кога ќе ја потрошиш. Што, нели, не е тешка мака – да развлечеш 15-ина илјади денари кои ќе ги имаш во 2020 година на 30 дена. Посебно ако си купиш јаже од пазарот во Прилеп каде што сигурно е поевтино отколку во сјајната метропола.
Инаку, во најновата анкета на „Брима галуп“ за „Република“, Заев стигнал до 11 отсто доверба кај гласачите на севкупно ниво. Kога би се броеле само Македонците, неговиот рејтинг е 13,1 отсто. Е, сега, ова малку збунува. Зашто по с` што кажа Заев изминатите денови за тоа како тој ќе вовел братска љубов меѓу Македонците и Албанците така што и струмичани ќе учеле албански јазик (а во Арачиново, Тетово и Гостивар ќе се учи македонски?), би требало да е обратно – вкупниот рејтинг, тој заедничкиот на Македонците и Албанците, да му биде поголем отколку рејтингот само кај Македонците. Што ќе рече, анкетата покажува дека странците и СДСМ пак направиле некоја погрешна пресметка. Изгледа од многу седење на „Твитер“ и одење по пазари во Прилеп. Што значи, нивниот Заев ќе загуби, а ако не му успее планот да направи влада со ДУИ (наспроти принципот владина коалиција да прават двете победнички партии на изборите поради што во 2008 имавме предвремено гласање), од 12 декември пак ќе почнат да мрчат за кредибилни избори. Чекаат изгледа на сите да ни збоктиса од нивното мрчење, па на крајот да кажеме „добро, аман веќе, ете сите ќе гласаме за Заев, само симнете ни се од грбот“. Демек, играат на долги патеки. Само што не знаат дека Македонецот е малку чуден, што би рекле „фрики“: кога ќе го оставиш на раат, може и вода од рака да ти пие, ако го притискаш, еднаш ќе попушти, како со оној британскиот дебил што им вртеше часовник за референдумот за територијална поделба, ќе попушти и втор пат, ама кога ќе го фати инает, не пушта, па тамам сите листи на Груевски да бидат со манекени и со Титовите леви сили и сите амбасадори и Милчини на светот да дојдат и да ја фарбаат портата „Македонија“. И плус секој ден заедно на бина да бидат Влатко Ѓорчев и Стевче Јакимовски, кои на некои минати избори беа во иста изборна единица, но на различни листи.
Инаку, во светот нема ново. Освен што Сорос и Kлинтонка не успеаја ни една недела да ги држат Американците на улица против Трамп. Шутраци. Затоа тука им е Македонија. Така е тоа кога нема да поминеш на насловна во „Плејбој“, ќе се задоволиш и со внатрешна страница во земјоделско списание што го издава Мариово.
А Германците за министер за надворешни работи го подготвувале Мартин Шулц, оној бирократот од Европскиот парламент. Не случајно рекле старите – што сам ќе си направиш, никој друг не може.Ама златната рипка не останала само тоа. Сигурно била расположена, па наместила и Германката Алтхаузер да се сретне на некоја конференција за правн

Пронајдете не на следниве мрежи: