Високиот крвен притисок, дијабетес и дебелината се само дел од последиците кои можат да настанат. Интересен факт е тоа што жените се повеќе изложени на лоши врски и бракови од мажите.Но, како лошата врска влијае на здравјето?
Го влошува имунитетот
Едно истражување при универзитетот во Охајо покажало дека луѓето кои се анксиозни или несигурни поради своите врски имаат зголемено ниво на кортизол во организмот. Кортизолот е поврзан со срцеви проблеми, проблеми со спиењето и депресија. Д-р Лиса Јарменка наведува дека грижата околу тоа дали сте сакани може долгорочно да влијае врз Вашето здравје.
Предизвикува депресија
Чувството на беспомошност, летаргија и недостатокот на сон во насилните врски предизвикуваат намалено лачење на окситоцин. За разлика од нив, луѓето кои се во среќни врски побрзо се опоравуваат од болести. Исто така, измешаните чувства кон партнерот доведуваат до зголемен крвен притисок многу повеќе од чувството на отворено непријателство.
Влијае на срцето
Постојаните конфликти ја зголемуваат можноста од појава на срцеви болести. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои се во лоши врски имаат поголема можност да добијат некоја срцева болест, дури три пати повеќе од оние кои се во среќна врска.Но, како лошата врска влијае на здравјето?
Го влошува имунитетот
Едно истражување при универзитетот во Охајо покажало дека л