Анис Амри (24) кој е осомничен за терористичкиот напад на Божиќниот пазар во Берлин пристигнал во Италија во 2011-та година од Тунис.Тој пристигнал на Апенините откако од неговата земја побегнал поради неколку кривични дела како кражби, нанесување на тешки телесни повреди, како и обид за палење на училиште.
Во Катанија на Сицилија тој се запишал на училиште за италијански јазик. Италијанските медиуми пренесуваат дека во својот клас сеел страв. Амри на другите ученици им ги крадел личните работи, им нанесувал тешки повреди и им се заканувал.
Амри побегнал од Тунис поради повеќе кривични дела, меѓутоа откако пристигнал во Италија, полицијата го регистрирала. Иако тогаш веќе бил полнолетен, тој не сакал да го признае тоа со цел да добие некои привилегии од државата. Кога се обидел да запали училиште во кое што имало деца, полицијата го уапсила.
Во Италија минал четири години во затвор, а кога бил ослободен, заминал за Германија. И таму веднаш бил регистриран како насилник, па завршил и во истражен притвор.
На крајот бил ослободен, затоа што германските власти не можеле да го депортираат во Тунис. Тој немал документи, а од тунисите власти им рекле дека немаат податоци за Амри. Германските служби го следеле, но во еден момент од непознати причини го загубиле.
Амри наводно нападот во Берлин го планирал со месеци. Spiegel пренесува дека сам се понудил да го изврши нападот. Полицијата ги прислушкувала неговите разовори и Анис наводно најавил дека е можно да набави оружје, но тие разговори биле шифрирани и тешко разбирливи, па германската полиција не го уапсила.
Германските медиуми пренесуваат дека полицијата во Северна Рајна-Вестфалија знаела дека Амри планира да изведе напад. Тој нападот наводно го планирал уште од летото. Амри во кругот на луѓето кои што се собирале кај уапсениот Абу Вала повеќе пати зборувал за неговите планови за изведување на атентати.
Амри живеел во Берлин и на територијата на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија. Неговиот брат кој што живее во Тунис на медиумите им рекол дека последен пат се слушнале пред две седмици. Комуницирале преку Фејсбук кога го советувал да се предаде.
На Фејсбук се појавило и видео кое што наводно го прикажува Амри како слободно се шета низ Берлин во септември оваа година.Тој пристигнал на Апенините откако од неговата земја побегнал поради неколку кривични дела како кражби, нанесување на тешки телесни повреди, како и