Лошото време е единствената причина за падот на воениот транспортен авион кој минатиот месец се урна во Мјанмар, во Андамско Море, во Југоисточна Азија, заедно со 122 патници и членови на екипажот, соопшти денеска во Јангун, специјалната државна комисија која го испитуваше инцидентот.Авионот полетал од градот Мјелк, на крајниот југ на Мјанмар, кон главниот град Јангун. Најголем број од патниците биле воен персонал на мјанмарската армија и нивните семејства, меѓу кои имало и деца.
Никој од патниците и 14-те членови на екипажот не го преживеаја падот.
Според наодите на комисијата, пилотот на леталото ја загубил контролата, кога авионот влетал во густи облаци и силно невреме.
Бурата предизвикала да се создаде мраз на крилата од авионот и откажување на работата на еден од моторите.
При преслушувањето на „црната кутија“ истражните органи не откриле ништо сомнително, па заклучокот на комисијата е дека воениот авион не се урнал во морето поради саботажа, експлозија или проблеми со некој од четирите мотори.
Паднатиот авион е од кинеско производство.
Ова беше најголемата авионска несреќа во Мјанмар, каде последниве неколку години се регистрирани неколку авионски инциденти со трагични последици.
Медиумите во Јангун забележуваат дека иако во време на паѓањето на авионот, Мјанмар беше во период на монсуните, проследено со многу дожд и повремени бури, претходно немало извештаи за лошо време на трасата по која полетал воениот транспортер.
Авионски експерти засега немаат објаснување за постапката на пилотот кој влетал во бурата и густите облаци, наместо да ги одбегне, кога се знае дека радарите на авионите предупредуваат на таквите ситуации.Авионот полетал од градот Мјелк, на крајниот југ на Мјанмар, кон главниот град Јангун. Најголем број од патниците биле воен персонал на мјанмарскат