Ловец на оружје

Пол Шул израснал слушајќи ги приказните од неговиот прадедо, кој се борел и во двете светски војни. Приказните во него пробудиле силен интерес за воената историја, стратегиите на војување и оружјето кое се користело во одредени периоди. Како дете собрал колекција на медали од Втората светка војна и приказните кои се криеле позади нив. Потоа продолжил и со собирање на мечови, а неговата колекција денес содржи и примероци кои датираат од 18 век. За Пол Шул најголема вредност имаат приказните кои секое оружје или артефакт ги кријат.Шул има неколку големи страсти. Обожава музика, работел како промотор на големи фестивали и бендови како „Бладхаунд Генг“. Се занимава со реставрација на стари домови и е страстен мечувалец. Исто е и претседател на историскиот одбор на Канадската мечувачка федерација.
Страста врзана за оружјето, воената технологија и историјата на војувањето ги претвори во фасцинантниот серијал „Ловец на оружје“ кој од сабота, 27 февруари ќе се прикажува на „Дискавери“ каналот. За реализација на проектот има помош од ексцентрични историчари, познавачи на војувањето и други колекционери на оружје. Заедно го обновуваат запуштеното оружје и го спремаат за реконструкција на битките и опасни тестирања на неговата моќ.
За серијалот „Ловец на Оружје“ Пол работел на обнова на тенк уништуваш наречен „Ахил“ и советската пушка „СВТ-40“ од Втората светска војна. Го пронајде и пукаше од најсмртоносната лесна полска артилерија од времето на Американската граѓанска војна. Успева да дојде до нацистичката јуришна пушка „ФГ-42“ дизајнирана специјално за германските падобранци .
Следете го серијалот од сабота на „Дискавери“ во 20 часот и запознајте го оружјето кое го менувало текот на историјата.Шул има неколку големи страсти. Обожава музика, работел како промотор на големи фестивали и бендови како „Бладхаунд Генг“. Се занимава

Пронајдете не на следниве мрежи: