ЛОВЕЦОТ НА ПРЕЉУБНИЦИ ОТКРИВА: Еве кои се ВИСТИНСКИТЕ ЗНАЦИ ЗА НЕВЕРСТВО а што е само обична параноја…

Една жена која професионално се занимава со набљудување на луѓето- односно со набљудување на сомнителни партнери, по налог од нивните партнери, опишува како нејзината работа навистина изгледа и кои се вистинските докази за изневерување.Не веруваме дека не постојат такви луѓе на светот кои барем во еден момент не се посомневале дека партнерот ги изневерува. На крајот се разбира, се завршува со кавга и сомнежи, но оние со малку подлабок џеб знаат да одат еден чекор подалеку- плаќаат приватни детективи кои ги откриваат нивните сомнежи.
Една жена која професионално се занимава со следење на луѓе по налог од нивните партнери, Барбара Вофорд, одлучила да открие како сето тоа изгледа и кои се вистинските знаци дека вашиот партнер ве изневерува, а што е само обична параноја.
„Најпрвин земаме лични податоци, каде живее, каде работи, модел на автомобилот и број на таблички, како и информации од типот кога обично излегува од домот наутро и кога вообичаено се враќа. Прво нешто кое го проверуваме е дали партнерот му го знае вистинското работно време“- открива Барбара.
На оваа работа, Барбара научила и дека најпрвин треба да се открие дали сомнежите се основани, па потоа да го праша партнерот, како и да не го напаѓа веднаш, колку и нелогично да звучат неговите објаснувања.  За да им објасни на сите жени дека ова е еден одличен совет, открила еден интересен случај на кој работела во текот на кариерата…
„Мажот на својата сопруга и зборувал дека оди на партија голф секој ден во 16 часот. Бидејќи било зима и се стемнувало веќе во 17 часот, на жената и било доста сомнително, бидејќи никој не игра голф ноќе. Но, човекот навистина беше искрен- неколку дена по ред го следев и секој пат беше во друштво со двајца мажи на голф теренот и навистина играше голф“- раскажува таа.
Секако тоа беше редок случај, обично „метата“ секога е фатена во неверство.
Барбара открива и дека времето кое е потребно да се разоткрие лагата зависи од тоа колку добро неверството се крие.

„Една жена бараше да го следиме нејзиниот сопруг  на службено патување. Прво што направи кога излезе од дома, беше посета на една жена. Наместо во Палм Спрингс (Калифорнија), како што и кажа на сопругата,  тој со неговата љубовница отиде во Лас Вегас. Се пријавиле дека ќе престојуваат во иста соба, а ние направивме фотографија и и покажавме на клиентката. Се испостави дека во прашање била нејзина пријателка“- раскажува истражителката.
Иако никогаш не се меша во туѓите брачни проблеми и никого не осудува, работата сепак влијаела на размислувањето на Барбара кога се во прашање врските.
Во оваа работа неможеш а да не научиш што навистина значат предупредувања. Најчесто тоа се промени во однесувањето, обично на лошо, нова облека, изненадна грижа за телото и вежбање, нов полуксузен автомобил и изненадни „деловни“ патувања- открива таа.
Исто така додава и дека ставањето шифри на мобилниот телефон и приклучувања на социјалните мрежи наеднаш, како и паника доколку партнерот се доближи до мобилниот телефон, секако укажуваат на тоа дека нешто не е во ред.
„Честите повици и постојаното разменување на пораки, не доаѓаат без причина, доколку вашиот партнер и порано немал слична таква навика“- заклучува Барбара.Не веруваме дека не постојат такви луѓе на светот кои барем во еден момент не се посомневале дека партнерот ги изневерува. На крајот се разбира, се

Пронајдете не на следниве мрежи: