Ловејќи риба помислил дека пронашол човечко тело, но…Погледнете што извадил од водата!

Еден палестински рибар пред неколку месеци донел дома необичен „плен“ – половина тон тешка бронзена статуа, за која тврди дека ја извадил од водите на Газа.Палестинскиот рибар Џедат Абу Грб во водите на Газа, најпрво мислел дека здогледал мртво човечко тело, но станувало збор за статуа од богот Аполон, јавува CNN.
“Ми беше страв. Ја облеков опремата за нуркање и влегов во вода. Ни тогаш не можев да утврдам за што се работи. Со помош на пријателите ја извлековме на суво. Бев шокиран од тоа што го пронајдов”, рекол Џедат.
Станувало збор за бронзена статуа со природна големина, за која се верува дека е 2.500 години стар приказ на грчкиот бог Аполон.
“Мислев дека статуата е направена од злато и дека ќе бидам богат. Ја сокрив во мојот дом”.
Но, такво нешто во Газа не можело да остане тајна, па во целата приказна се вклучила и вооружена бригада која ја одземала статуата. Потоа, некој, како што објавиле властите, се обидел да ја продаде статуата на eBay со почетна цена од 500.000 долари.

 

Тоа предизвикало сомнеж во Министерството за туризам и антиквитети, односно министерството за внатрешни работи во рацете на палестинската исламистичка група Хамас. Па поради тоа започнале истрага за илегален обид за продажба на уметничкото дело.
Министерството побарало статуата да им биде предадена, и ветиле дека ќе биде изложена во музеј за да може јавноста да ја види, но само откако ќе го пронајдат оној кој се обидел да ја продаде.Палестинскиот рибар Џедат Абу Грб во водите на Газа, најпрво мислел дека здогледал мртво човечко тело, но станувало збор за статуа од богот Аполон,

Пронајдете не на следниве мрежи: