ЛШ: Против кого ќе игра Металург во осмина финалето

Ракометарите на Металург, во вторник, ќе до дознаат името на противникот, со кого ќе играат во осмина финалето во Лигата на шампиони. Македонскиот првак, за противник може да добие една од овие три екипи: Чеховски Медведи, Атлетико Мадрид или Динамо Минск.Металург на извлекувањето на осмина финалните двојки, со оглед на позицијата која ја освои во групата, ќе биде еден од осумте повластени тимови, што значи дека реваншот ќе го одигра на домашен терен.Од редовите на македонскиот шампион истакнуваат дека секој од можните противници поседува квалитет и дека ќе треба да се вложат максимални напори за екипата да мине во следната рунда.Според статистиката на ЕХФ, Металург ја има најдобрата одбрана во Лигата на шампиони, мрежата на македонскиот првак се тресела 215 пати на девет натпревари, или во просек по 23,8 пати на натпревар.Екипи кои изборија пласман во 1/8 финалето во ЛШ:Група А: 1. Хамбург, 2. Фленсбург, 3. Чеховски Медведи, 4. Адемар ЛеонГрупа Б: 1. Веспрем, 2. Кил, 3. Атлетико Мадрид, 4. Цеље ПЛГрупа Ц: 1. Киелце, 2. Металург, 3. Горење Велење, 4. СилкеборгГрупа Д: 1. Барселона, 2. Фуксе Берлин, Динамо Минск, ПИК СегедНајмногу претставници, четири, во осмина финалето има Германија (Хамбург, Фленсбург, Фуксе Берлин и Кил), еден тим помалку има Шпанија (Барселона, Атлетико Мадрид и Адемар Леон), по два тима меѓу најдобрите 16 имаат Словенија (Цеље и Горење), односно Унгарија (Веспрем и ПИК Сегед).Пет држави, во осмина финалето на Лигата на шампиони се застапени со по една екипа Македонија (Металург), Белорусија (Динамо Минск), Данска (Силкеборг), Русија (Чеховски Медведи) и Полска (Киелце).Ждрепката за осминафиналето ќе се изврши во 12:30 часот, во седиштето на ЕХФ во Виена, првите натпревари ќе се одиграат на 16 и 17. март, а реваншите на програмата ќе бидат една недела подоцна.
MакфаксРакометарите на Металург, во вторник, ќе до дознаат името на противникот, со кого ќе играат во осмина финалето во Лига

Пронајдете не на следниве мрежи: