ЛУДА И ПРЕКРАСНА РОМАНСА: Свештеникот прашал дали има некој против овој брак, добро е што молчеле!

Тина и Дејвид Чалендер се запознале во своите 20-ти години во кафуле во Ковентри. Но тоа не била обична романса, две децении подоцна тие откриле како љубовта може да дојде во најлошиот период во животот и да промени се.Парот се запознал случајно во едно кафуле. Почнале да живеат заедно по 36 часа, по месец дена се вериле, но и покрај тоа што ги спречувале, се венчале година дена подоцна. Дваесет години подоцна, имаат три деца и љубов за која многумина можат да сонуваат.
Тина која денес има 46 години, вели  дека го сака својот сопруг повеќе од било кога.
„Знам дека звучи како клише, но ние навистина се сакаме се повеќе од ден на ден. Луѓето мислеа дека сме млади и прости и неговите родители беа против нашиот брак. Мислеа дека нема да потрае, но докажавме дека грешат“, вели Тина.
Кафулето во кое се запознале станал ресторан за брза храна, па така тие својата годишнина ја слават во ресторанот во близина.
Парот се запознал во септември 1993 година додека се допишувале преку радио станца која тогаш била многу популарна.
„Живеев на осми спрат. Синот ми почина само два дена по раѓањето и шест месеци не излегов од станот. Развив страв од надворешниот свет. Бев во депресија и престанав да јадам. Се додека еден ден не разговарав со пријателката преку радио станица. Дејвид се вклучи во разговорот. Тоа беше многу необично, но продолживме да разговараме. Не знам како но го поканив да излеземе.

Кога се сретнавме прв пат сфатив дека воопшто не е мој тип. Имаше долга коса, но и прекрасна насмевка. Пријателката ми рече дека таа ќе го земе доколку мене не ми се допаѓа но јас само и реков- рацете подалеку, ќе се омажам за него“, вели госпоѓа Чаленор.
Парот наскоро станал неразделив, а нејзините стравови исчезнале.

„Луѓето зборуваа дека сме луди, но имавме прекрасна хемија и делуваше сосема во ред. Неговата мајка не ме сакаше, но ги игнориравме нивните сомнежи. Ме запроси одеднаш четири недели подоцна. Знаев дека тој е оној вистинскиот“.
И Дејвид не се кае за изборот.
„Не се сомневав, ми беше јасно веќе по три недели дека таа е таа. Се вљубив“, се потсетува Дејвид.
Кога свештеникот прашал за време на венчавката „дали некој има нешто против овој брак“ сите се свртеле кон мајката на Дејвид, но сепак, таа молчела.
Денес, Тина која ја има ќерката Ејми (17) вели дека ги разбира сомнежите на своите родители и дека ниту нејзе не би и се допаднало детето да и замине за некого кого штотуку го запознало.
„Она што мене и Дејвид не одржа толку години е довербата и тоа што сите проблеми ги пребродивме заедно. Ме ужаснува помислата да не го пуштев радиото онаа 1993 година“, заклучува Тина.Парот се запознал случајно во едно кафуле. Почнале да живеат заедно по 36 часа, по месец дена се вериле, но и покрај тоа што ги спречувале, се венч

Пронајдете не на следниве мрежи: