Луда вечер на една Македонка на Закинтос

Рековме ќе ви прикажеме што претставува онаа изрека: „Се што се случило на Занте, останува на Занте“! Работата е што најголемиот дел од девојките од Македонија, сакаат да прават глупости за кои никогаш нема да да се дознае, а тие ќе бидат задоволни и среќни. 
Откако голем број македонски девојки решија да видат што нуди овој грчки остров на луда забава, се пофалија дека е навистина лудо и незаборавно, но додека раскажуваат што се случувало таму, не забораваат да кажат: „Сепак, има некои работи што се случија на Занте и останаа на Занте“! 
Еве што би значело тоа за нас:
Откако целото женско друштво ќе се врати во собите каде што се сместени, започнува вистинска „тепачка“ која попрво да се тушира, затоа што нормално нема време да се подготви за лудата вечер што ја очекува по дискотеките и кафулињата на Занте. 
По долга дискусија, викање, навредување, девојките се подготвени за вечерните лудории. Можеш да ја заприметиш дека е на одмор и е од друга земја, доколку носи кратко мини здолниште или фустанче. Не дај Боже да и падне нешто од чантата, ќе биде како Ана Николиќ или Преслава, што „несакајќи“ покажаа што кријат под здолништето. 
На почетокот од вечерта го бараат најлудиот кафич, со најлуда атмосфера, нешто што не може да се најде по скопските улици. Откако убаво ќе се сместат, нарачува нешто што досега не го пиела, со некое чудно име кое едвај може да го изговори, за подоцна да може да се пофали на своето друштво што ја чека во Скопје, дека пиела нешто што го нема кај нас. 
Но, најинтересното од се е што потајно ги гледа луѓето околу неа за да си ја најде потенцијалната мета со „дебел паричник“ и многу пиење околу него. Ако е од Србија тогаш е добитна комбинација, зашто нели Србите се доста згодни. Но, може ќе изненади, па ќе почне да флертува со некој Англичанец зашто тие нели се полни со фунти и се однесуваат како неиживеани души кои едвај чекаат да „легнат“ нешто јужно, балканско. 
По неколку чашки од тие чудни алкохолни напитоци, почнува да се чувствува пијано ,па најинтересниот дел допрва доаѓа. Можеби ќе почне да прави глупости кои досега ги гледала само на филм, па утрото да има јак хенговер и да „не се сеќава на ништо“. Сега ја има целата слобода да си го дозволи тоа, зашто нормално никој нема да дознае…Се што се случува на Занте, останува на Занте! 
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Рековме ќе ви прикажеме што претставува онаа изрека: „Се што се случило на Занте, останува на Занте“! Рабо

Пронајдете не на следниве мрежи: