ЛУДИЛО: Црногорци во етно село „лечат“ женска психа- на најлуд можен начин!

„Во поново време забележуваме дека се повеќе припаднички на понежниот пол, имаат проблем со психата и ние на еден специфичен, а на психологијата познат начин, успеваме состојбата на женската свест да ја доведеме во еден баланс и тоа со комбинација на работа, храна и престој во природа“, истакнуваат во првото етно село „Монтенегро“ во Црна Гора, во кое постои Центар за рехабилитација на жени, кои бараат мир и нов начин на живот.„Богатите жени главно поминале низ се и доаѓаат кај нас за да доживеат нов начин на живот. Преку работа, произведување на храна и запознавање на нов начин на живот каков што живееле нашите баби, тие својата психа ја ослободуваат и одовде излегуваат посрќни“, објаснува Миќо Благојевиќ, сопственик на Етно селото „Монтенегро“.
Преку овој Центар до сега поминале многу жени, главно Русинки помеѓу 35 и 55 години, на кои богатите сопрузи им го уплаќаат овој едноставен „одмор“ за тие да го рехабилитираат својот ум .
„Престојот трае од пет до 15 дена. На почетокот се запознаваат со домаќинството, орудието кое преку 50-ина години се користело за обработка на земјата. Деновите ги минуваат бидејќи се со првите петли, обработувајќи ја земјата, хранејќи ги домашните животни. Технологијата не им е достапна, па облеката ја пеглаат со пегла на жар, а вода носат во буриња од по 20 литри, а дестинацијата која ја минуваат со таа вода на своите плешки е и до 300 метри“, прецизира Благојевиќ.

 
Тој додава дека намерата на Центарот не е навредлива и дека не се зачудени од големата заинтересираност на жените.

„Што е тука чудно, и нашите баби така живееле, па што им фалело? Жените за кои зборуваме во еднодневен шопинг трошат и по повеќе илјади евра, а престојот овде и тоа како влијае на тоа тие барем на момент да се вратат на вистинските вредности“, вели Благојвиќ додавајќи дека до сега немале Црногорки во центарот бидејќи вели, тие тоа скоро секој ден го прават и дома.
Успешниот црногорски рецепт за ослободување на женската психа е, верувале или не- работа. Но и фактот, умствената работа е ништо наспрема физичката.„Богатите жени главно поминале низ се и доаѓаат кај нас за да доживеат нов начин на живот. Преку работа, произведување на храна и запознавање

Пронајдете не на следниве мрежи: