Луѓе на СДСМ ги заплашуваат жителите на Марена

Loading...

По безбројните неосновани и бесрамни напади на лична основа се со цел лична дискредитација на кандидатот за градоначалник на општина Кавадарци на ВМРО-ДПМНЕ и Kоалицијата „За подобра Македонија”, Митко Јанчев, сега цел на напад од страна на личности блиски до СДСМ се и неговите гласачи и поддржувачи.За овој проблем јавно проговори и самиот Јанчев, кој на синоќашниот мини митинг оддржан во селото Марена меѓу другото рече: „Во Марена има една група на луѓе, кои што нема што да прават и се избркани од дома, се продвикаат и прават тензии, ги заплашуваат маренци да не излегуваат на митинзи, да не гласаат, дека нема да му биде откупено грозјето. Тоа е чиста предизборна сдсмовска црна кампања. Никој не заслужува со нешто да биде понижен, а најмалку да биде уценет за грозјето. Јас сум приватен бизнисмен и од свои 23 години сам се снаоѓам и никој во животот не сум го уценил никогаш и покрај тоа што сум бил во позиција да го направам тоа. Тоа е казниво од народот и од Господ“.
Во своето обраќање пред жителите на Марена, Митко Јанчев ја промовираше својата предизборна програма, специфично задржувајќи се на сите проекти кои директно ги засегаат жителите на ова кавадаречко село.За овој проблем јавно проговори и самиот Јанчев, кој на синоќашниот мини митинг оддржан во селото Марена меѓу другото рече: „Во Марена има ед

loading...
Loading...